„Речиси два месеца г-дин Маск ги бараше податоците и информациите неопходни за 'правење на независна проценка за распространетоста на лажните и спам сметки на платформата на Твитер.
Твитер не успеа или одбиваше да ни ја обезбеди оваа информација,“ пишува адвокатскиот тим на Маск во барањето за прекинување на постапката.
За разлика од него раководството на Твитер и понатаму се надева дека договорот ќе биде комплетиран, а претседателот на бордот, Брет Тејлор, порачува дека компанијата ќе се обиде по судски пат да ја спроведе купопродажбата.
Решителноста на Маск да го купи Твитер за 44 милијарди долари, константно се тенчеше од моментот кога двете страни потпишаа договор за спојување. Маск главно се вади на тоа дека податоците од Твитер не се точни и дека платформата има повеќекратно повеќе спам и лажни профили отколку што тврди во официјалните бројки.
На почетокот на јуни Твитер му го удоволи и ова барање на Маск па му даде целосен пристап до платформата за да може да ги анализира и извади податоците што му требаат. Како дел од убедувањето на јавноста дека спам и бот профилите се под контрола, Твитер во понеделникот објави дека блокира над милион спам профили на ден.
Маск тврди дека Твитер го прекршил договорот кога отпуштил двајца директори, дел од тимот за наоѓање нови таленти и ги замрзнал сите нови вработувања во период од неколку месеци.
За целосно прекинување на постапката за купување, Маск ќе мора да докаже на суд дека овие обивнувања претставуваат прекршување на договорот со Твитер.