Официјалното објаснување на членовите на комисијата, именувани од гувернерот на Калифорнија, кои гласале со 6-4 за одбивање на планот на американската авијација, е дека со оваа дозвола целата активност на Спејсикс ќе се смета за воена активност и компанијата нема да мора да бара сопствени дозволи, дури и кога не се носи товар на американската војска.
Како што ќе изјави комесарката Гречен Њусом, „Илон Маск патува низ земјата, ширејќи и твитајќи политички неточности и ја напаѓа ФЕМА додека тврди дека има желба да им помогне на жртвите на ураганот со бесплатен Старлинк пристап до интернет.“
Претходно Пентагон мораше да се турка на рака со истата комисија во 2023, кога побара зголемување на бројот на дозволи за лансирање на ракети на Спејсикс од 6 на 36 годишно.
По одлуката Илон порача дека ќе ја тужи комисијата затоа што во своето објаснување за одбивањето на дозволата ги навеле и политичките ставови на милијардерот, и дека тоа што го објавува на Икс нема никаква врска со „крајбрежната комисија“ во Калифорнија.