Навивачите цели облечени во зелено во „Жалгирис Арена“ во градот Каунас ја прават можеби најдобрата кошаркарска атмосфера во Европа. Повеќе од 15.000 навивачи, и младо и старо ги следат натпреварите на својот Жалгирис.
Така беше и синоќа кога литванскиот состав предводен од легендата на европската кошарка Шарунас Јасикевичиус, убедливо (101:91) по трет пат го совлада богатиот Олимпијакос и се пласираше на Фајнал Форот во Белград (од 18 до 20 мај). Првпат после 1999 година!
Буџетот на Жалгирис, редовниот учесник на Евролигата е 8,5 милиони евра и еден од најмалите во елитното друштво. Но тоа не му смета на тренерот Шарунас Јасикевичиус (богата играчка кариера) втора сезона по ред да ги воодушеви сите. По триумфот над Олимпијакос Јасикевичиус се расплака од среќа:
Како тоа му тргна од рака на некогашниот литвански репрезентативец?
1. Број еден во Жалгирис е дисциплината
Кога ќе се каже дисциплина тоа е прилично широк поим во спортот, но не и во случајот на Јасикевичиус. Тренерот на Жалгирис можеби најдобро од сите тренери ја гледа играта со играчки очи па кога нешто не му се допаѓа не се мисли дали да ги смени дури и главните кошаркари на теренот или да урла по нив.
Годинава тоа најдобро се виде на еден од најважните моменти од сезоната. Кога Милакнис шутираше за тројка на 7 секунди пред крајот од мечот со Фенербахче, Јасикевичиус брзо ги крена рацете на глава во неверица и додека сите славеа тој го праша Милакнис дали е нормален што прави кога имаат време за посигурна акција
Сезонава имаше многу слични примери. На пример на мечот со ЦСКА главна жртва на тимот стана Брендон Дејвис. Американецот ја одигра најдобрата партија на сезоната (17 поени, 5 скока за 25 минути) но Јасикевичиус го седна на клупата. Шарунас беше бесен поради тоа што Дејвис неколку пати без основа се ставаше во неудобни ситуации под кошот или одеше на сила против тоа што му го кажа тренерот.
Еднаш во полуфиналната серија за титулата во првенството, Јасикевичиус го пуштил Аугусто Лима да оди да го види првороденото дете. Кога еден млад новинар го прашал како можел да го пушти сега пред толку важен меч, легендата му одговара:
2. Жалгирис го има еден од најдобрите напади во Евролига
Екипите со помал буџет традиционално повеќе внимаваат на одбраната, играат на граница од фаул, пазат на атлетизам, на зависност од навивачи итн.
Но Жалгирис ги изненади сите со ефективноста во нападот. Литванскиот тим е петти во Евролигата според постигнати поени (први четири се: ЦСКА, Реал, Фенер и Басконија). Од друга страна, Жалгирис е на последно место по бројот на шутеви за три поени, иако многу ја движат топката од една страна на друга, но котираат високо по бројот на дадени тројки (42% - трети во цела Евролига) и по дадени двојки (55% - петти во елитата).
3. Кевин Пангос израсна во ѕвезда
Жалгирис го купи младиот Канаѓанец после неговата прва сезона во Гран Канарија. Младиот Кевин таму имаше скромни 38% од игра поради што постојано изгледаше бескорисен.
Но за две години кај Јасикевичиус тој прерасна во лидер на екипата: Пангос е еден од најдобрите играчи по успешни асистенции (6,2 во просек по натпревар) и успешна реализација (48% во обидите за два и 49% за три поени).
Канаѓанецот парадоксално стана типичен европски бек шутер без чија игра еден-на-еден не би можел да се замисли Жалгирис денес.
5. Тренерски реакции
Јасикевичиус е првиот по број на замени во Евролигата. После 26 кола тренерот на Жалгирис направил дури 1009 замени на играчите во теко на натпреварите. Колку за споредба Јоргос Барцокас од Олимпијакос направил два пати помалку.
Јасикевичиус постојано ја менува и стартната петорка и трага по оптимални решенија против конкретен противник. Некогаш игра некарактеристично со два центри или со два плеја од почеток.
Во Каунас 9 играчи играат повеќе од 15 минути во просек.
Шарунас е прв и по бројот на викнати тајм-аути. Во регуларниот дел побарал 115 тајм-аути (последниот по овој параметар Плаза викнал 72 тајм-аути).
Ако ни тоа не е доволно да го одреди стилот на Литванецот, тогаш треба да се види моментот од мечот против ЦСКА Москва кога на +18 за неговата екипа на четири минути до крајот тој викнал тајм-аут да им каже да играат побавно, да го „убијат“ времето и да не прават глупости.
Сите овие параметри покажуваат дека Шарунас Јасикевичиус направи голем подвиг со скромна екипа, и на турнирот на најдобрите четири екипи од Европа рамноправно ќе се борат за златото.