Шансата да направат кам бек и после 10 години да заиграат на едно Европско првенство, нашите кошаркари ќе ја бркаат против селекциите на Литванија, Полска и Естонија.
Литванците ни се добро познати и се фаворити во групата, против Полјаците одигравме и загубивме на две пријателски во Белград, а Естонците ни беа ривали и во претходните квалификации за ЕП 2022.
Во квалификацискиот циклус ќе настапат 32 селекции поделени во осум групи, а пласман обезбедуваат првите три.
Група А: Словенија, Украина, Израел, Португалија.
Група Б: Италија, Турција, Исланд, Унгарија.
Група Ц: Шпанија, Летонија, Белгија, Словачка.
Група Д: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска.
Група Е: Франција, Хрватска, БиХ, Кипар.
Група Ф: Грција, Чешка, Холандија, В. Британија.
Група Г: Србија, Финска, Грузија, Данска.
Група Х: Литванија, Полска, Естонија, Македонија.
Квалификациите стартуваат во февруари следниот месец, а ЕП 2025 ќе се одржи во четири земји: Летонија, Кипар, Финска и Полска во периодот од 27 август до 14 септември 2025 година.