Кошаркарите на Атланта Хокс имаа фантастичен старт на НБА плејофот. Победа на стартот од плејоф серијата за аутсајдерот против лидерот на источната конференција и тоа на гостински терен.
Хокси сега имаат скор од 3:0 против Индијана Пејсерс кога на центарската позиција стартува Перо Антиќ.
Нашиот кошаркар на паркетот мина 28 минути за кои имаше учинок од 8 поени (1/2 за 2п и 2/5 за 3п) и 7 скока.
Во третиот период од натпреварот Антиќ и Дејвид Вест по еден нивни дуел заработија технички грешки.
Токму третата четвртина беше клучна на натпреварот. Атланта го доби овој период со 30:16 и стекна предност која ја задржаа до крајот за конечен триумф од 93:101.
Џеф Тиг со 28 и Пол Милсеп со 25 поени ја предводеа Атланта до првата победа, а најефикасен кај домаќините беше Пол Џорџ со 24 поени.
Вториот натпревар повторно се игра на теренот на Индијана во среда наутро во 1 часот по македонско време.