колумна

За Еуробаскет треба муда

Факат долго ме немаше. Знам, знам што мислите: овој го немаше, ама чим се отвори шанса за јадење гомна прв е да се јави. Искрено причините се скроз други, ама после недела дена фрустрација која ми ја приреди кошаркарската репка, а од која недела дел поминав и во Загреб, не издржа срце да не седне пред тастатура и да се отвори.

ОК, не влеговме во осмина финале, ама не влеговме и прошлиот пат во Словенија па не беше толку трагично и од аспект на резултат неуспешно. Таму не опљачкаа судиите против Црногорците, ги пукнавме Србите, а на сите други текми игравме егал и губевме на поен….Немавме среќа а моќните новинарски пера виновникот го најдоа во злиот странец Пипан кој пред Првенството не ошамари враќајки не во реалноста дека Литванија тешко ќе се повтори.

Загреб беше друга приказна. Не прегазија сите, а дури и денес не можам да објаснам како Холандија успеа да изгуби од таква дезорганизирана репка како Македонија. Има миљарда разлози зашто ни се деси Загреб, ама она што ќе пробам да ги редуцирам на четири. Ако у глава ви се врти некоја плус, слободно сложете ја у коментар. Уствари идејата за овие текстови одувек беше да реплицираат маалски разговор. Ист онаков каков што фурам со другарите. Некад на клупа, денес за жал на Фејсбук. Јеби га…модернизација.

1. Пеце Наумовски и Заре Марковски. Дојдоа у КФМ и како индијанци растурија систем што се градеше со години. Го избркаа Џикиќ, човек кој во една ваква со квалитет ограничена екипа успеа да изгради атмосфера и тимски дух кои го комепензираа недостатокот на квалитет. Неговите резултати зборат за тоа. Пред фактите и Боговите молчат. Свикаа Пеце и Заре прес у некој дневна соба со миље на маса и ја обавестија нацијата како Џикиќ, откако му барале да се откаже од плата, унапред си ги побарал парите, па они како “горди” Македонци решиле да го избркаат. Извинете дечки, ама тој потег е пун со идиотизам а не со гордост. Од некој со меѓународно искуство како вас најмалку се очекуваат такви глупости. Сем ако телетабисов Србиновски не ви беше у план пред да упаднете у КФМ…



2. Марјан Србиновски. Дечкото може да биде добар статистичар у македонски прволигаш од средина на табела ама тренер НИКАД. Кај отишол, пепел напраил. Зрачи со ароганција и самобендисаност а во кошарка е залутан. Он и како играч беше просечен, а не па тренер. Јавно те изазивам Марче. Нека ни дадат 24 играчи, ќе се поделиме, бираш еден - бирам еден и ќе те победам а врска неам од баскет. Ете толку си слаб. Реално тренер Македонец немаме дечки. Кој сака нека се лути, освен д-р Марин Докузовски никој друг нема капацитет да биде селектор. И наместо Пеце и Заре да продаваат фејк патриотизам за “гордите” македонци нека донесат странец што има тренерски квалитет и авторитет. Марче нема ништо…па ни познавање од кошарка. Сите не прочитаа како селски буквар.

3. Играчи како Пеџа Самарџиски. Него го земав на пик, пошто со пет посто шут од поле ми шеташе константо по ганглии ама ги имаше еден куп. Безмудаши…без срце,  без памет…без осет за тоа како се гине за сопствената земја. Наместо екипа ние имавме воглавном неквалитетни поединци. А и тоа е сосема нормално кога нема тренер што ќе спроведе авторитет и реализира креативни идеи…Марче и креитивност…јас и уметничко лизгање. Тука доаѓа до израз тренерското знаење. Под Џикиќ,  Хендрикс имаше дабл-дабл просек, у Загреб беше како изгубен турист на бугарско приморје. Одма да кажам дека од овој куп ги вадам Владо Илиевски, близнаците и Александар Костовски кои једини личеа на кошаркари у текот на цело првенство. Све остало - боранија.



4. Перо Антиќ. Затоа што е пи*ка. Се уплаши од немање резултат и немаше муда да понесе одговорност за неуспехот. Перо е играчиште, супер-спортист, калибар каков што оваа земја има да броиш на прсти на една рука. Ама од кога е у НБА само се расправа со некој по фејсбук уместо да направи нешто корисно за вистински да помогне. Прво пукна по Кире Лазаров (кој е спортска величина еднаква, ако не и поголема од него), па по Врба Стефанов (кој успут е најдобро нешто што и се десило на македонската кошарка и од играчки и од менаџерски аспект)  и на крај со Пеце Наумоски. Најтрагично у целата преписка измеѓу Пеце и Перо е што и двајцата се во право. Друг збор, освен ТАЖНО немам.

И на крај да не биде све црно, мора да издвоиме неколку реда за Влатко Илиевски. Некогаш ми беше еден од најомразените играчи заради тоа што ја избегаваше репрезентацијата ама она што го врати на репрезентацијата во последниве пет-шест години е доволно да му се простат сите гревови и да биде испратен од репрезентацијата како голема спортска легенда. Пропушти неколку циклуса, еден не по своја вина, ама во оние кои учествуваше беше пример за тоа како се бранат боите на својата земја. Со 35 години, воџа на терен и пример за другите 11 играчи. Уште да се угледаа на него. За разлика од Перо, не се уплаши и ја понесе одговорноста на свој грб. Од светиот дрес се прости со солзи. Солзи кои никад нема да ги заборавам…како и онаа тројка во Литванија!

Таки Бошкоски