Од рекордер до лидер по најмногу промашени обиди во НБА лигата

Коби Брајант и официјално го најави своето пензионирање од кошарката по крајот на оваа сезона, а за овој спорт придонесе со 1.292 меча, 47.144 минути и 32.670 поени. 37 годишниот Брајант е првиот бек со 20 НБА сезони и прв кој играл 20 години во една екипа.

- Тој еден од рекордерите во Лос Анџелес Лејкерс со 5 титули (2000, 2001, 2002, 2009 и 2010) - Другите играчи со 5 прстени во Лејкерси се Дерек Фишер, Мајкл Купер, Карим Абдул Џабар и Меџик Џонсон.

- Најдобар стрелец во историјата на Лејкерски.

- Трет најдобар стрелец во историјата на НБА, зад Џабар и Карл Мелоун. На крајот од оваа сезона ќе се пензионира како трет најдобар стрелец, а во моментов просек по натпревар му е 25,3 поени.

- Коби не се срами да шутира. Тој е лидер во НБА и по број на промашени обиди.

- Најдобар стрелец во историјата на Ол Стар игрите.

- 81 поен на еден меч против Торонто на 22 јануари 2006-та. Подобар од него е само Вилт Чемберлен.

- Најмногу обиди од поле имал против Бостон на 7 ноември 2002 година кога од 47 обиди постигнал 41 поен и 7 од слободни фрлања.

- Најмногу тројки постигнал против Сиетл на 7 јануари 2003-та, вкупно 12.

- Најдобар процент од поле имал против Голден Стејт на 16 декември 2001 со 83,3% или 10/12.

- Најмлад играч на Ол Стар игрите со 19 години и 175 дена.

- Рекордер со вкупно 17 тројки на Ол Стар игрите.

- 17 учества на Ол Стар игрите. Повеќе од него има само Џабар со 19.

- Најдобар играч во регуларниот дел од сезоната 2007/2008.

- Две олимписки злата (2008 и 2012).

- 12 пати избран во најдобриот тим на дефанзивци, награда која се доделува од 1968/1969. Единствениот играч со повеќе од него е Тим Данкан со 15.

- 9 пати е избран во најдобриот тим, исто колку и Мајкл Џордан, Кевин Гарнет и Гери Пејтон.

- Во моментов е 14-ти по бројот на украдени топки со 1.894. Ако стигне до 2.000 украдени топки ќе се качи на 12-то место.

Писмото со кое се одјави од играње кошарка.

30 ноември 2015 - 11:07