НБА докторите Стив Кер и Мајк Баденхолцер

Човекот што му кажа не на Фил Џексон за да го превземе Њујорк Никс не се кае за одлуката, затоа што во моментов неговиот Голден Стејт Вориорс е лидер во НБА, заедно со Атланта Хокс.

Иако дебитант на тренерската позиција, Стив Кер веќе во првата сезона покажува дека одлично ја познава материјата. Од друга страна, најпријатно изненадување е тренерот на нашиот Перо Антиќ, Мајк Баденхолцер.
 
Атланта нема ѕвезди како Голден Стејт, во септември минатата година беше во резултатска криза и малку недостасуваше амбиентот да биде нарушен. Напротив, Хокси се издигнаа над моментот и Буденхолцер го воспостави победничкиот систем стекнат како помошник на Грег Попович во Сан Антонио.

На прашањето кој од двајцата тренери има поуспешна сезона, познавачите на материјата во глас одговараат дека учинокот на Стив Кер најдобро ќе се види во Плејофот, а за Баденхолцер велат дека на Атланта и’ претстои многу потежок распоред од оној што досега го имаше во календарот. Новинарите на Газета Дело Спорт велат дека прашањето кој е подобар тренер од Стив Кер и Мајк Баденхолцер е исто како и она со која девојка би излегле на вечера, со Кристина Кијабото или со Маунела Аркури?
 
Стив Кер во составот го има можеби МВП-то на сезоната Стефон Кари и други елементи кои ја прават разликата. Баденхолцер, пак, имаше предност во тоа што стана тренер на екипа од која не се очекуваше премногу, така што досегашниот учинок е и повеќе од успешен. На тренерот на Антиќ му се припишува и тоа што успеа да го смени менталитетот на Атланта, франшиза која беше навикната да стои во средината на табелата, без значителни резултати.
 
Стив Кер го води Голден Стејт од октомври и почетокот на сезоната, а coach Bud со Хокси работеше и минатата сезона, така што речиси е сигурно дека меѓу нив двајца ќе се води битката за тренер на годината во НБА лигата затоа што досега сезонава играат одлична кошарка. Голден Стејт Вориорс во моментов има 33 победи и само 6 порази, додека Атланта Хокс има 34 победи и 8 загубени средби.