Од моето прво НБА финале на Screensport во 1992 помеѓу Чикаго и Портланд кога Мајкл Џордан креваше раменици со the shrug face, погодувајќи 6 тројки од тогашната линија на 7,25 во прво полувреме на game 1, па преку финалето 1993-та кога со првиот нба дрес на Чарлс Баркли навивачки безнадежно чекав Чарлс да закуца врз Мајкал како врз Годзила од култната реклама за NIKE, па преку, чинам нба првото финале на МРТВ во 94-та, кога Калински ја воспеваше залижаната фризура на Пат Рејли и акцијата пирамида, а на теренот воодушевуваше еписки судир меѓу Патрик Јуинг и Хакин Олајџуван, па преку НБА на DSF во 95-та треба и чистката на Орландо со тројките на Кени Смит, па незаборавната ера на нашиот нба коментаторски маг на сите времиња Љубомир Николовски со тогашните НБА финалињата на А1, па доминацијата на Лејкерси, Детроит, Бостон, Мајами и Сан Антонио, па се до сега, до ова финале помеѓу Вориорси и Кливленд, никогаш не сум бил понестрплив и повозбуден за она што следи. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.
Разлозите за ова се очигледни. Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Најдобрите спот ап шутери, Клеј и Џеј Ар, еден против друг. Непоколебливиот Грн против скокачкиот крт Томсон. Извиканиот Кер против потценетиот Блат. Австралискиот кршач на зглобови против Ахиловите зглобчиња на Кари. Рускиот џин против австралискиот див. Магиите на Ирвин против кошаркарскиот шаманизам на Стеф Кари. Поставената кошарка наспроти изолациите. Се на се, како вели Grant Napear, од KHTK Sports-кото радио во Сакраменто: If you don't like this, you don't like NBA basketball.
Голден Стејт имаат една слабост која се воочи во дуелите со Хјустон. Имено замките за Кари при кои се присилува да се ослободи од топката, водат кон понизок процент на шутеви и изгубени топки. Но, од друга страна, Вориорси имаат 4 играчи за дефанзива на Леброн (Грин, Игудала, Томсон, Барнс) кои доволно атлетски силни да се спротистават, но бидејќи се четворица, тие имаат хипотетички можност за 24 фаули врз Леброн. Тоа значи дека Кер има можност да игра неверојатно индивидуална агресивна одбрана врз него на линија на фаул. Што и очекувам дека ќе ја прави. Но, плејофот на Исток покажа дека Кливлед може да смета на константност на т.н. играчите со улога. Прилагодени на новата самозададена Меџик Џонсоновска игра на Леброн на еден прототипен Point forward, повеќе од солидно реагираа кога на Леброн му требаше спејсинг, свич, блок од мал, утрчувања, добри отварања по пиковите, ефективни блок при флекс напади и слично, но и кога му требаше да го одменат во полнењето на противничкиот кош. Затоа, не само што улогата на играчите со улога ќе биде од големо важење, туку претпоставувам дека ќе биде и пресудна за успех на Кливленд.
Од друга страна пак, Вориорси покажаа неверојатна иновативност и офазивно – дефанзивна разноврсност со неверојатен усет за прилагодување и надградување не само помеѓу натпревари, туку и среде натпревар. Кливлед досега не се сретнале со екипа која игра на највисоко дефензивно рамниште. Вориорси се многу повеќе од Кари, а ако тоа не го препознаат Кливленд, серијата може да заврши многу брзо. Да не заборавиме, Вориорси во Оракал во овој плејоф изгубија само еден натпревар, а во рекуларната сезона само дава. Предноста на домашен терен во тесна серија може да навагне. Во прилог на Кливленд пак, не смееме да ја заборавиме решителноста и надреалната волја за победа која Леброн така ја носи и заразно шири со себе си, по што дури и такви ликови како Џеј Ар, Шамперт, Мозгов и Томсон ги имаат и играат натпреварите на својот живот. Леброн е во мисија, а кога е така решителен, има простор за оптимизам во Северозападно Охајо.
Затоа вечер, пред компјутерите, клик на NBA League Pass и Let's get ready to rumbleеееееее!