Таг: стефон кари

Сите 10 натпревари во кариерата на Кари добиени со негови решавачки поени

Деталните НБА статистичари ги собрале на куп сите 10 меча од кариерата на Стефон Кари кои тој ги решил во финишот. Секогаш решетал на помалку од 5 секунди до крај, а повеќете му се тројки. Неверојатен снајперист.

Страшна тројка на Кари за победа во последна секунда

Тешко може да се каже дека постои појак тројкаш во НБА од Стефон Кари. Голден Стејт Вориорс имаше само 3 секунди за напад за да избегне пораз од Феникс Санс, а маестралниот Кари во тоа кусо време успеа со луда тројка од 9 метри да погоди и тоа за победа од 113:112 и да ја фрли во транс цела сала. Неверојатен потег.

Кари по 5 години не погоди тројка, ама ја има асистенцијата на вечерта

По пауза од 268 натпревари или 1.865 дена, Стефон Кари како еден од најдобрите шутери во историјата и специјалист за тројки, не успеа да погоди шут за три поени од осум обиди. И покрај тоа Голден Стејт го доби Портланд со 118:114, а оваа асистенција на Кари е прогласена за број 1 на вечерта.

Стеф Кари ли е или не?

Тие што не пратат многу кошарка, може и лесно да клизнат. Како и да е, малиот направи шоу само што се појави.

Лудачката тројка на Кари и реакцијата на татко му

Голден Стејт го возрати ударот против Лејкерси и со победа од 127:100 израмни на 1:1. Најефикасен на мечот беше Клеј Томпсон со 30 поени и осум тројки, а Стефон Кари оствари дабл-дабл учинок со 20 поени и 12 асистенции и стана прв во историјата со 600 тројки во НБА плејофот. Нема позиција од каде што не може да погоди овој човек. Реакцијата на татко му кажува сè.

Шек фати да го имитира нереалниот подвиг на Кари кој го изведе на тренинг

Стефо Кари изведе пет прецизни шута по ред од кош на кош со една рака, кои се чудесија кога ќе ги види човек. Шекил сакаше да ги повтори.

Стефон Кари на тренинг - нереално

Светското во Катар го разбиваме со 35 секунди од тренинот на еден од најдобрите шутери кои стапнале во НБА лигата. Сè до првиот кош се смета за нормално. Кога сфати колку пати го повтори истото и самиот избега од сала. Да повториме од насловот - нереално.

Прва НБА вечер и веднаш насладување со шоу на Леброн и Кари

Голден Стеј Вориорс со победа ја зачинија церемонијата на доделувањето на прстените и тоа против Лејкерси од 123:109. Ѕвезди на вечерта Леброн Џејмс и Стефон Кари кои заедно постигнаа 64 поени.

Шесте тројки на нерешливата енигма Стефон Кари

Да го хејташ најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, дека не дал ни една тројка во петтиот натпревар е злочин. Ноќеска им врати на хејтерите со шест комада и влезе во елитата од седум играчи кои имаат минимум четири НБА титули и две МВП награди за регуларната сезона. Другите се Карим Амбдул Џабар, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан и Бил Расел.

Најлудото 1 минутно загревање на Кари

Кога Леброн Џејмс ги броеше играчите кои ги одбрал во неговиот тим за Ол стар, Стефон Кари го најави како најдобар шутер во историјата на НБА лигата. Да видиме на што мисли.

Расположението на Кари на загревање пред да стане тројкаш број 1 во НБА

Првата тројка ја постигна во 2009-та, а рекордната 2.974-та пред два дена против Њујорк. Во Медисон Сквер Гарден, моментот беше одбележан спектакуларно со присуство на Реј Ален и Реџи Милер кои ги остави зад него, а шоуто почна уште пред стартот на мечот.

Новиот крал за тројки во НБА се вика Стефон Кари

Заборавете ги Реј Ален и Реџи Милер, новата историја со рекорден број на погодени тројки во НБА лигата ја испишува Стефон Кари. 2.974.

Брилијантниот Кари експлодираше со 62 поени против Портланд

Голден Стејт Вориорс копаше низ историјата за да открие дека скоро 50 години ниту еден друг нивни кошаркар не постигнал толку поени. Стефон Кари синоќа не знаеше за доста.

Дијалозите меѓу Стеф Кари и Стив Кер како татко и син

Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.

Стеф Кари стана најплатен играч во НБА

Двократниот МВП во најдобрата лига на светот доби нов пет-годишен договор тежок 201 милион долари и стана најплатениот играч во НБА.

Кои беа Топ10 забивања во финалето на НБА

На дуелите во кои играа најдобрите кошаркари на денешницата се изнагледавме „куцања“ какви што не видовме низ целата сезона. Право уживање.

Не е крај, Кливленд се крена од пепелот

Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во финалето на НБА и сега одново се поставува прашањето ќе му се случи ли крах на Голден Стејт кој лани исто испушти водство од 3-1?

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

Спиеш ли мирно Блажевски Перо?

Уругваецот ја заврши сезоната со 49 гола на 49 натпревари па реши да фрли и некој баскет, чисто да се запише ама му тргна и се заборави.

Што мислат спортистите за изборот на Трамп

Американски одбојкар кој игра во Италија бара жена за да остане таму, Џамал Крафорд е исплашен, а Винсент Компани има еден интересен предлог.

Голден Стејт со победа го отвори финалето

Актуелниот шампион во НБА го направи првиот чекор кон одбраната на титулата. Кавалирс и Леброн немаа одговор на клупата на Вориорс која одигра фантастично и практично ги ослободи од обврски Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Видео за гледање до последна минута

Ако мислевте дека НБА не е интересна после Џордан, Шекил или Брајант, грешите. Секое време си носи по некоја “будала“ која им го пие мозокот на сите кои се дел од лигата. Американците за овие движења велат SICK moves.