НБА Финале

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

По долго време пауза поради болки во грбот, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер се врати на клупата и имаше што а да види. Како и во првиот меч, така и синоќа, „Воините“ го скршија отпорот н а Кавалирс во вториот дел кога Леброн немаше никаква поддршка од соиграчите со исклучок на Кевин Лав.

Машинеријата на другата страна да имаше уште десетина минути ќе стигнеше до “Ол-Стар“ 150 коша.

Кевин Дурент, Стефон Кари и Клеј Томпсон уфрлија дури 87 од вкупно 132 поени на Голден Стејт! Кари имаше трипл-дабл учинок со 32 поени, 11 асистенции и дури 10 скокови. Дурент уфрли 33 поени, 13 скока и 6 асистенции Томпсон запиша 22 поени. Кај гостите трипл-дабл оствари Леброн Џејмс со 29 поени, 14 асистенции и 11 скокови, а Кевин Лав го заврши мечот со 27 поени и 7 скокови.

НБА финале, втор меч:

Голден Стејт Вориорс - Кливленд Кавалирс 132:113
(40:34, 27:30, 35:24, 30:25)

сала: „Оракл арена“
капацитет: 19.596
судии: Фостер, Брадерс, Каперс, Рајт.

Стрелци:

Голден Стејт: Дурент 33, Кари 32, Томпсон 22, Грин 12, Ливингстон 10, Кларк 10, Игудала 5, Пачулија, Вест, Мекаду и Мекги по 2.

Кливленд: Џејмс 29, Лав 27, Ирвинг 19, Корвер и Томпсон по 8, Џеферсон 7, Шамперт 6, Вилијамс 5, Џоунс и Фрај по 2.