Таг: нба 2016/2017

Најемотивниот говор во историјата на НБА - Дурент до мајка му

Кога во сезоната 2013/2014 го избраа за најдобар играч во регуларниот дел на НБА и ја понесе наградата МВП, Кевин Дурент признанието ѝ го посвети на мајка му. Со неа ја славеше и првата освоена титула во кариерата.

Голден Стејт Вориорс се врати на тронот во НБА лигата

По пауза од една година тимот на Стив Кер повторно го освои шампионскиот прстен во најквалитетната кошаркарска лига во светот, вкупни петти во нивната историја. Вориорси се шампиони во 1947-ма, 1956-та, 1975-та, 2015-та и 2017-та година.

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

Голден Стејт го прегази Кливленд за 1:0 во серијата

Предводени од Кевин Дурент и Стефон Кари, Вориорси лесно се справија со Леброн и Кливленд и славеа 113:91 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Најдоброто од Леброн сезонава и низ годините

Неверојатниот Џејмс ноќта во четврток кон петок ќе го игра своето осмо финале во последните единаесет години. Апсолутната доминација во последната деценија сезонава ја надополни со нови неверојатни потези.

Мали дојди малце да ти кажам нешто

Џејмс Харден - брадата ноќеска оствари трипл-дабл учинок од 33 поени, 10 асистенции и 10 скокови. Сè е тоа џабе кога Ману Џинобили на крај цврсто ќе реши Сан Антонио - Хјустон да биде 3:2. Оп, шлап, рампа и крај на мечот.

Дриблингот на Крафорд од кој се врти памет

Џамал важи за еден од подобрите дриблери во НБА, а тоа што го демонстрираше против Хјустон пред две вечери дополнително ќе ја натера Јута да се плаши од Клиперси.

Шек ги одбра Топ5 најсмешните потези во НБА

"Shaqtin' a fool" се вика неделниот сегмент кој се дава на телевизиското шоу Inside the NBA. Во него Шекил ги прикажува најсмешните инсерти од одиграните натпревари. О’Нил пред почетокот на плејофот ги прогласи петте најсмешни потези во НБА сезонава.

Како тоа 75.000 гледачи на финале на студентска кошарка

Во Феникс се одигра еден од најголемите натпревари во американската кошарка а не беше финале на НБА.

Реакцијата на Шек кога дозна дека Леброн го надминал

На дуелот на неговиот Кливленд против Чикаго, Леброн Џејмс постигна 26 поени и стигна до бројката од вкупно 28.599, три повеќе од Шекил на вечната листа и сега е седми.

Ноќта на силните тупаници во НБА

По тензијата меѓу Стеф Кари и Расел Вестбрук кои соиграчите на време ги разделија, неколку часа подоцна се степаа и Робин Лопез и Серж Ибака.

Офанзивата на Денвер Нагетс една од најдобрите во НБА

Немаат суперѕвезда, немаат познати имиња, но нападот го играат на ниво на Голден Стејт. Тимската игра ги направи втор најдобар напад во лигата.

Грег Поповиќ во легендата - 1.128 победи со еден тим

Со успехот против Денвер, Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи со еден ист тим во историјата на НБА и го надмина идолот од детството Џери Слоан од Јута Џез.

Сè е добро во НБА, ама ми фалат ќебапи

Откако се врати во првата петорка на Денвер и дава во просек по 12 поени на натпревар, Никола Јокиќ повторно ја заинтересира јавноста од неговиот роден Сомбор па до Денвер, а овој пат зборуваше за тоа кога пиел три литри Кока-кола и колку ќебапи јадел.

Дарио Шариќ „крши кичми“ во НБА

Најдобриот хрватски играч во моментов, Дарио Шариќ одигра маестрална партија за Филаделфија против Бостон. Шариќ имаше дабл-дабл учинок а во еден момент го понизи Јаребко со одличен потег.

Колку заработуваат странците сезонава во НБА

Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?

Врвно забивање преку човек на Лери Ненс

ЛА Лејкерс го одиграа можеби најдобриот натпревар во последните неколку сезони, откако синоќа буквално го понижија Голден Стејт 117-97. Момент на мечот беше забивањето на Лери Ненс Џр. кој го „искрши“ обрачот со забивање преку Дејвид Вест.

Шариќ им објасни на Американците како се изговара презимето

Со месеци новинарите се трудат правилно да го изговорат неговото презиме, така што кошаркарот на Филаделфија Дарио Шариќ реши досетливо да им ги скрати маките.

Најјакото забивање од почетокот на НБА

Кошаркарот на Орландо Меџик, Арон Гордон против Филаделфија имаше забивање на кое би позавиделе сите Ал-Стар „куцачи“. Гордон во првата четвртина украде една топка од Ричон Холмс и со две раце заби по скок од 360.

Се пензионираше и најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА

По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.

По 21 година, волкот со број 21 ја напушти играта

По Коби Брајант, Тим Данкан и Амаре Стадемаер, годината 2016 ќе остане запаметена по крајот на кариерата на уште еден славен лик кој минатиов викенд стави точка а кој беше мост меѓу старата школа и футуристите.