Фантастичната серија од 16 победи на 17 меча во преј-офот беше показател дека Голден Стејт сезонава игра во страшна форма, а тоа го докажаа и во финалната серија со Кливленд кој го добија со 4:1.
Вориорски минатата сезона прокоцкаа предност од 3:1 во финалето, но овој пат не си дозволија таков луксуз и со победа од 129:120 го добија петтиот натпревар против Кавалирс. Клучен момент на мечот беше серијата од 28:4 која ја направија во втората четвртина.
Овој пат разликата ја направи фантастичниот Кевин Дурант кој постигна 39 поени и на ниту од меч во финалната серија не беше под 31 кош. За него ова е прва шампионска титула, а прогласен е и за МВП играч.
Најголемата помош ја доби од Стефон Кари кој блесна со 34 поени, 6 скока и 10 асистенции, како и од Игудала кој го заврши финалето со 20 поени.
Кралот Џејмс одново беше во страшен елемент со 41 поен, 13 скока и 8 асистенции, Кајри Ирвин реализираше 26 поени, а Џеј Ар Смит 25.
Хајлатс од мечот
Церемонијата со доделувањето на трофејот
Прскање со шампањско