Во Сан Антонио Спарс се навикнати веќе некое време да не обрнуваат внимание на рекордите.
„Него не му требаат никакви рекорди ниту бројки за да се знае колку е важен за целиот клуб и целата лига во последните 20 години“, изјави легендарниот Аргентинец Ману Џинобили по триумфот на Сан Антонио против Денвер 121:97.
Грег Поповиќ ги води Спарси од 1996. година, а со оваа победа го надмина неговиот идол од детството Џери Слоан. Зад нив е Ред Оербах кој со Бостон собра 795. победи во кариерата.
Триумфот на Поп против Нагетс го донесе на 207 победи зад апсолутниот рекордер во историјата на НБА Дон Нелсон кој бил тренер дури 31 сезона и остварил 1.335 победи но со четири различни екипи.
На табелата најуспешни тренери со сите франшизи кои ги воделе во кариерата, Поповиќ е шести со 27 победи помалку од Фил Џексон (1.155), 47 помалку од Џорџ Карл (1.175), 82 помалку од Пат Рајли (1.210), 93 помалку од Џери Слоан (кој бил тренер и на Чикаго пред Јута Џез) со 1.221 победа и 204 помалку од Лени Вилкенс.
Меѓу сите овие великани само Џексон има повисок процент на победи (70,4%) и е лидер на вечната листа за победи во плејофот (229 триумфи или 68,8%). Поп е трет со 158 победи во доигрувањата или 61,7%.