И без тренерот Стив Кер кој повеќе од еден месец не го води тимот од клупата поради проблеми со грбот, Голден Стејт ја оправда фаворитската улога. Него на клупата го заменува Мајк Браун.
Мечот започна мошне израмнето, а Вориорс го скршија отпорот на актуелниот шампион во третиот период кој го добија убедливо 33:10. Во оваа четвртина, Голден Стејт демонстираше сила на тимска игра (дури 26 асистенции и само 4 загубени топки) што беше доволно за триумф.
Во првиот дел неверојатна доминација покажа Кевин Дурент со 23 поени а неговиот ритам го разбуди и Кари кој уфрли четири тројки во првото полувреме.
„Тие се нешто најдобро што некогаш сум видел. Имаат учинок 13-0 во плејофот и редовно рушат рекорди од сезона во сезона“, изјави тренерот на Кливленд, Тајрон Лу после мечот.
Кливленд одигра катастрофално лошо во одбраната што му овозможи на Дурент да го заврши мечот со 38 поени, 8 скока и 8 асистенции. Кари забележа 28 поени, 10 асистенции и 6 скока. Драјмонд Грин уфрли 9 поени и важни 11 скока.
Кај гостите од Кливленд, Леброн даде 28 поени со 15 скока и 8 асистенции но имаше и 8 загубени топки. Кајри Ирвинг пружи некаков отпор само во првиот дел а мечот го заврши со 24 поени. Кевин Лав беше на своето ниво со 15 поени и 21 скок.
Хајлајтс од првиот натпревар во финалето:
Најдобрите забивања синоќа: