По нешто бавниот почеток на сезоната, Нагетс најдоа рецепт како да ја „бушат“ противничката одбрана. Експериментот со промена на стартната петорка во декември кога вториот центар Никола Јокиќ стана стандарден се испостави како маестрален потег на тренерот Мелоун.
Од тогаш, Денвер има многу добар напад. Од почетокот на јануари до денес Нагетси имаат 14 победи и се вториот најдобар напад во НБА лигата со просек од 113,3 постигнати поени од 100 напади. Подинамична кошарка игра само Голден Стејт Вориорс.
Можеби немаат супер-ѕвезда во тимот (српскиот репрезентативец е на пат да стане голема ѕвезда), но тимската игра и фантастично организираниот напад им носи лесни поени.
Во средата против Милвоки Бакс, Денвер покажа зошто има ефикасен напад после акцијата со девет додавања која што заврши со отворено забивање.
When you look up 'Ball Movement' in the dictionary this is what you’ll find. pic.twitter.com/6FNZGDpWuz
— Denver Nuggets (@nuggets) March 2, 2017
Во триумфот против Бакс, Денвер даде 110 коша а дури шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени со вкупно 21 асистенција. Доколку плејофот почне денес, Денвер како осмопласирана франшиза би се судрила со вицешампионот Голден Стејт и тоа би биле можеби најубавите натпревари за око во доигрувањата.
Како во моментов стојат табелите во Западната и Источната конференција: