Шампионатот на студентската лига NCAA во САД е во рангот на најпопуларните првенства во Северна Америка. Оваа лига во САД е интересна колку и самата НБА која што има 30 екипи, а универзитети во целата земја има стотини. NCAA - е огромна машина која се состои од три дивизии. Во првата дивизија за шампионската титула 2016/17 се бореа 315 екипи.
Во универзитетските тимови играчите не добиваат плата - тоа е забрането со закон. Најдобрите меѓу нив во иднина ги чекаат повеќемилионски договори, но додека се во универзитската лига тие уште играат бесплатен и искрен баскет. Поради тоа универзитската лига е поблиска до секој Американец.
Во неа не учествуваат милионери, туку обични студенти. Па уште и ако се од вашиот факултет или од вашиот град - за нив просто не можете да не навивате. Редовните студентски натпревари комотно собираат по 10-20.000 гледачи, онолку колку што собира салата каде се игра. Но плејофот е друг муабет - нокаут рундата на NCAA има посебен назив: March Madness или Мартовско безумие.
Од средината на март почнува страшен период во кој нема право на грешка и во кој од 68 екипи до крајот на месецот остануваат само 4. Еден пораз значи крај на сезоната така што во овој испит на карактер и игра на нерви опстануваат само најсилните.
Годинава на пример надвор од Фајнал Форот остана главниот фаворит за титулата - Универзитетот Канзас. Самиот Фајнал Фор е безумие на квадрат. По правило се одржува на мегаломански фудбалски стадиони за да собере повеќе гледачи. Полуфиналето на „мартовското безумие“ 2017 се играше во Феникс, Аризона.
На оваа неверојатна арена пред две години се играше Супеболот (меч за шампионската титула во Националната фудбалска лига). Имате ли уште сомневања дека NCAA не е сериозна? Пред Фајнал форот целата арена која што е од размери на плоштад била конфигурирана за кошарка, а на полуфиналињата на NCAA имало по 77.612 гледачи!
Колку од нив реално гледале што се случува на паркетот не е познато. Еве го погледот од најевтиното место со наслов: „Кошаркарско игралиште ли е тоа доле“?
Финалето го гледале нешто „помалку“ гледачи - 74.340, но тоа лесно се објаснува: голем дел од навивачите на Јужна Каролина и Орегон кој загубиле во полуфиналето едноставно не отишле на финалето. Цената на билетите исто е безумна. За неколку дена до мечот за титулата билетите онлајн од 400 долари стигнале до 11.000 долари!
Шампионската титула годинава ја освои универзитетот Северна Каролина (UNC) каде своевремено играле Мајкл Џордан и Винс Картер. Денес главниот тренер на екипата Рој Вилијамс бил асистент во времето кога идниот најдобар играч на светот станал шампион на NCAA. Сега Вилијамс по трет пат во 13 години станал шампион во улога на главен тренер. Сечењето на мрежичката од едниот обрач е свет обред којшто дошол од Европа.
Финалето на NCAA е единствен спортски настан поради кој на еден ден се прекинува НБА лигата. Леброн Џејмс не бил на финалето, но се разбира го гледал и со другите НБА ѕвезди ги критикувал судиите.
Man I can't watch this anymore man! I would like to see the kids decide who wins the game! I mean Bruh!! Smh
— LeBron James (@KingJames) April 4, 2017
Северна Каролина стана шампион по шести пат во историјата. Во последните минути од финалето против универзитетот Гонзага Tar Heels дадоа 8 коша по ред и направија пресврт од -2 на +6 поени предност.
Минатата година Северна Каролина загуби во финалето од Виланова со кош во последната секунда:
Но Каролинците се вратија посилни и на крилјата на 22-годишниот Џоел Бери ја освоија најголемата студентска титула во светската кошарка. Бери во финалето ги даде сите четири тројки на својата екипа а во последните секунди му асистираше на Џастин Џексон за решавачкото забивање:
Но студентската кошарка и НБА се паралелни светови и патешествието меѓу нив е долго. Некои од нив за пар години ќе засјаат во НБА лигата, ќе добијат астрономски договори и ќе возат луди коли. Но да станеш шампион без добиен цент - е непроценливо.