Прва НБА вечер и веднаш насладување со шоу на Леброн и Кари

Голден Стеј Вориорс со победа ја зачинија церемонијата на доделувањето на прстените и тоа против Лејкерси од 123:109. Ѕвезди на вечерта Леброн Џејмс и Стефон Кари кои заедно постигнаа 64 поени.

Стефон Кари изброи 4 шампионски прстени (2015, 2017, 2018, 2022) на едната рака на отворањето на новата НБА сезона, а Леброн Џејмс кој исто така има четири (2012, 2013, 2016, 2020), одбележува голем јубилен од 20 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Големите ѕвезди приредија прекрасна вечер во увертирата на едниот од првите два натпревари со кои се отвори новата сезона. 

33 поени, 6 скока, 7 асистенции за 34 годишниот Кари, 31 поен, 14 скока, 8 асистенции за 37 годишниот Леброн.

Еден од најдобрите шутери во историја, одма почна со тројките во негов стил.

И на гостите им продаде еден трик под кош

Леброн почна да ги пробува обрачите

И стана само трет во историјата со минимум 20 постигнати поени во 20 НБА сезони.

Не е за потценување ниту цепелинот на Вестбрук.

Церемонијата со прстените

На другото соочување:

Поема за Бил Расел на отворањето на сезоната во НБА

Најсмешниот потег на Харден на стартот на НБА сезоната

19 октомври 2022 - 09:41