Најсмешниот потег на Харден на стартот на НБА сезоната

Ако денот по утрото се познава, НБА сезоната ќе биде супер атрактивна за гледање. На отворањето Голден Стејт и ЛА Лејкерс одиграа врвен меч, шампионот славеше, блескаа Кари, Леброн и Дејвис. Во Бостон, Селтикс ја добија Филаделфија, а главен актер на мечот беше Џејмс Харден.

„Брадата“ прво во салата на Селтикс влета чудно облечен и ги збунил присутните. 

А на самиот дуел Харден одигра фантастично со 35 поени (9/14 од игра, 5/9 за три) од кои дури 22 во вториот дел. Имаше осум скока и седум асистенции.

Во еден момент Харден така школски го излета Маркус Смарт што овој летна неколку метри на страна. Џејмс изведуваше шоу па „си ги протресе рамената“ после потегот и кога остана сам на тројка, наместо да реализира, „фрли цигла“.

Приметете што прави после дриблингот:

Ама затоа имаше и тотално луди погодоци:

Што се однесува до самиот натпревар, Бостон Селтикс од клупата ги водеше асистентот Џо Мацула кој дебитираше како главен тренер во НБА. Тој го одменува главниот тренер Име Удока кој летово беше суспендиран од клубот поради тоа што во интерна истрага се открило дека имал афера со колешка од работа што со статутот на Бостон Селтикс било забрането.

На состанокот со генералниот менаџер на Селтикс Бред Стивенс и сопствениците на франшизата, а по пријава од женско лице, Удоку беше суспендиран на неопределно време.

Минатосезонскиот финалист и вицешампион победи со 126 - 117. Најдобри поединци кај „келтите“ беа лидерите Џејсон Тејтум и Џејлин Браун кои уфрлија по 35 поени. Станаа првиот тандем кој постигнал по 35 поени на отворање на сезона уште од 1969-та (по Вилт Чемберлејн и Џери Вест).

 

Покрај нив двајца, сјајна партија имаа Малколм Брогдон со 16 поени, Грент Вилијамс со 15 и Маркус Смарт со 14 поени. Кај Филаделфија ’76 освен Џејмс Харден со 35 поени, дека е во форма покажа и Џоел Ембид со 26 поени и 15 скока. Тајрик Макси уфрли 21 поен а Тобајас Харис 18.

Поема за Бил Расел на отворањето на сезоната во НБА

19 октомври 2022 - 09:27