Заврши времето кога Голден Стејт Вориорс можеа да си дозволат да го задржат Кари на „пола цена“ (во НБА 44 милиони долари за 4 години се сметаат за скромен договор): На 1. јули и двете страни се спогодија за новиот договор (4 помалку од максимумот кој можеше да се реализира според правилата) и стана најскап договор во историјата на НБА.
„Го сакавме тука и тој сакаше да остане, ќе направиме се за да ги задоволиме неговите барања и да го направиме среќен“, изјави еден од двајцата сопственици на Вориорс, Џо Лакоб.
Речено - сторено: со новиот договор кој не предвидува обврзувачки опции ниту за играчот ниту за екипата во последната година од договорот кој важи до 2022-ра.
Во неговата прва година од новиот договор Кари ќе заработи 34,5 милиони долари со што го надминува Леброн Џејмс за неговата годишна плата (23-та на Кавси следната сезона ќе зема 33.289.709 долари). Договорот на Кари предвидува зголемување од сезона во сезона се додека првпат во историјата не стигне до ѕидот од 200 милиони долари.
Потписот на Кари не е единствена добра вест во домот на Вориорс. Паралалено со супер-ѕвездата, генералниот менаџер Боб Мајерс успеа да го задржи и најважниот играч од клупа во лигата, Шон Ливингстон.
Бекот шутер потпиша 3-годишен договор според кој ќе земе 24 милиони долари (8 милиони годишно, но само 2 милиони му се загарантирани во третата, последна година од договорот. На тој начин Голден Стејт ќе може да заштеди 6 милиони долари пред почетокот на сезоната 2019/2020 за да ги задоволи апетитите на другата супер-ѕвезда, Клеј Томпсон.
Новиот договор за Ливингстон е најбогат во неговата 13-годишна НБА кариера која по тешката повреда во 2007-ма беше пред завршување.
5 главни потписи на првиот ден од меѓусезоната:
1. Пол Џорџ е трампан во Оклахома за Оладипо и Сабонис.
2. Стеф Кари го потпиша првиот 200-милионски договор во историјата.
3. Блејк Грифин останува во Клиперс.
4. Дру Холидеј продолжи договор со Њу Орлеанс.
5. Минесота потпиша со Џеф Тиг.