Американците не играат тимска кошарка и ниту се трудат да прават акции. Сè се сведува на индивидуализам. Или ќе ја забијат или ќе шутнат тројка. Против Франција шутнаа 36 пати од кои погодија 18 тројки. Против Србија имаа 15/39. Но тоа се они и тоа е всушност нивното главно оружје. Посебно снајперското на човекот кој го сметаат за најдобар шутер во историјата на НБА. Во последните нецели 3 минути во финалето, Кари погоди четири тројки, во четири напади по ред. Ненормална работа. Против Франција постигна 8, против Србија 9 тројки. Има ли одбрана против овој човек?