Со оглед на тоа што односот на силите на двете екипи е драстично сменет во последните сезони, победата на црно-белата страна е огромно изненадување.
Црвена звезда игра одлично во Топ16 фазата на Евролигата, но во Јадранската лига налетаа на исклучително мотивираниот Партизан кој од клупата го води Џикиќ.
Дербито, како и сите низ историјата, дали фудбалско, дали ракометно или кошаркарско помина со низа простачки навреди од двете страни. Едните го навредуваа новиот тренер на Партизан и неговата мајка Мила која редовно го бодри клубот, а другите удрија по омилената мета, претседателот на Звезда Небојша Човиќ и неговата сопруга Весна.
Преку пароли и скандирања се навредуваа играчите на двата клуба, а кулминација беше меѓусебното вреѓање на Делиите и Гробарите. Навивачите на Партизан посебно внимание посветија на Таренс Кинзи, нивниот некогашен миленик кој сега игра во црвено-бела опрема. Како што пренесуваат српските медиуми, од трибините се слушнала и ономатопеа на мајмуни што очигледно алудира на црномурните играчи, а парадоксот е што ги има во двата состава.