Таг: кк партизан

Спектакуларно шоу на Партизан со симфонија

Ако некаде може да се доживее најјаката кошаркарска атмосфера во Европа и пошироко, тоа е дефинитивно на натпреварите на Партизан. Чекај да видиш како го најавија составот за новата сезона. Со помош на „Црно бела симфонија“ која ја изведе химната на Евролига, а потоа и неофицијалната химна на Гробари „Da volim crno-bele“. Многу моќно.

Најјак

Малку ни смрди на монтажа, ама да веруваме дека не е и да го потврдиме уште еднаш насловот.

Кошаркар на Партизан требаше да наброи три држави кои би ги посетил и се избламира

Ален Смаилагиќ од Партизан или имал Географија кец или го пукна трема, па не се ни поправи што кажа.

Жељко му даде воспитна на навивач и го набрка од терен

Со Обрадовиќ никогаш не знаеш на што си, па макар се работи и за постар господин кој од радост на душата за титулата на Партизан, ќе тргне да се гушка со играчите и стручниот штаб. Цвикерите ќе му ги искршеше од бес.

Прославата на Гробари и пресот на кој играчите го истушираа Обрадовиќ

Кошаркарите на Партизан ја добија мајсторката против вечниот ривал Црвена Ѕвезда и со 3:2 станаа шампиони во АБА лигата после пауза од 10 години. Лудница беше во Штарк арената, како што е впрочем цела сезона на нивните натпревари, а Жељко го направија потоп. Инаку Партизан сега е најтрофеен во регионалната лига со седум трофеи. Ѕвезда има шест.

Срамни сцени во Мадрид, кошарката на крај се претвори во кечери

Место да биде кошаркарски празник, второто соочување на Реал и Партизан во четвртфиналето од Евролигата се претвори во улична тепачка. Србите слават нова голема победа, а Данте Егзум заврши со патерици.

Најјаката тепачка за време на мечот Реал Мадрид - Партизан

Не знаеме каде, како и зошто тоа се случило, ама тајмингот е тој, а имаме и жив пример, односно учесник кој сам се пријави како жртва.

Снимка со дрон од френетичната атмосфера на Гробари

20.041 гледачи против Барселона, 20.068 против Реал Мадрид, 20.017 против Панатинаикос. Партизан сезонава на 17 евролигашки меча имаше поддршка од вкупно 302.302 гледачи што е рекорд во Евролигата. Ниту навивачите на Црвена Ѕвезда не остануваат рамнодушни на ова лудило, дефинитивно најголемо на еден кошаркарски натпревар.

Ова лудило во Белград, го нема ни во НБА

20.041 гледачи против Барселона, 20.068 против Реал Мадрид што е апсолутен рекорд во Евролигата. Ако некој сака да ја доживее најјаката атмосфера на кошаркарски натпревари, нека оди на Партизан.

Тепачки во Белград, Загреб и Лестер

Многу работа и се отвори синоќа на полицијата. Во два градови каде се играа натпревари од Лига Европа и на пријателски кошаркарски меч. Има повредени, уапсени и по некои кои се млатеа меѓу себе за превласт на трибина.

Не е лесно да си навивач на Партизан

Навивачите на Партизан во последните години викаат дека без седативи за смирување не седнувале да го гледаат нивниот фудбалски, а посебно не кошаркарскиот тим. Видеово треба/мора да го одгледате до крај за да сфатите зошто:

Најлудата кошаркарска завршница за деценијава

Кога се прави пресек на најфеноменалните моменти во спортот во последниве 10 години од 2010 до 2020, неизбежно е да се потсетиме на лудата завршница на јадранската АБА лига во 2010 година кога во финалето во Загреб се сретнаа Цибона и Партизан.

Жељко Обрадовиќ - европскиот Фил Џексон

Важи за најдобриот тренер во Европа. Освои 8 титули во Евролигата со 5 различни тимови (Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон и Панатинаикос). И да не се разбирате многу од кошарка, лесно ќе најдете заеднички јазик со Жељко Обрадовиќ. Тренерот на Фенербахче одлично зборува шпански, грчки, италијански и англиски јазик.

Гробарите нападнаа гледачи поради минута молк за криминалец

Во саботата фудбалерите на Партизан играа против Вождовац, а пред мечот навивачите им дале да облечат маици со ликот на убиениот водач Александар Станковиќ. Ај што фудбалерите комотно ги облекоа, туку синоќа истото мораше да го сторат и кошаркарите иако станува збор за криминалец кој требал да одлежи затворска казна од 5 години и 10 месеци.

На прослава на титула на Звезда запеа песна на Партизан

По долгогодишна доминација на Партизан во кошарка, Црвена звезда синоќа втора година по ред ја освои титулата во кошаркарската лига на Србија. Прославата на Делиите се одвиваше на Калемегдан. Во еден момент песна поведе плејот Василије Мициќ, но направи голема утка па започна: „Да волим црно-беле“...

Двете тројки на крај за земјотрес во Пионир

Партизан и Црвена звезда синоќа го одиграа и вториот меч од финалната кошаркарска плејоф серија. Црно-белите предводени од поранешниот македонски селектор Џикиќ во еден момент водеа и 20 разлика (Андреј Магдевски беше на клупата), но на крајот загубија со тројка во последната секунда од 9 метри. Звезда води 2:0, а третиот меч се игра во вторник кога Црвено-белите ќе бидат домаќини.

Вечно дерби со сите салтанати

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ го препородува белградски Партизан кој до пред 2 недели се бореше за опстанок во АБА лигата, а синоќа ја врза третата победа по ред и тоа против најомразениот ривал 86-81. Дербито помина очекувано, со многу провокации и инциденти.

Вујошевиќ знае бар нешто англиски

Кошаркарите на Валенсија имаа неверојатна серија од 28 победи по ред во сите натпреварувања и ниту еден пораз. Сè до синоќа кога налетаа на Лестер Бо Мекејлеб и францускиот Лимож на чија клупа од пред една недела седи Душко Вујошевиќ кој сега има мака во преводот.

Крка победи со кош од пола терен

Бекот на Крка, Мирко Мулалиќ со кош од половина терен и донесе триумф на својата екипа на гостувањето во Пионир против Партизан.

МЗТ го загуби трилерот во Пионир против Партизан

Кошаркарите на МЗТ Скопје го имаа триумфот против Партизан во рака, но само осумте поени во последната четвртина не беа доволни за нови бодови на Јадранот.

Никола Пековиќ нов претседател на КК Партизан

Според интернет изданието на Вечерње новости, познатиот НБА кошаркар ќе биде промовиран во прв човек на клубот во кој кошаркарски израсна.