Ова лудило во Белград, го нема ни во НБА

20.041 гледачи против Барселона, 20.068 против Реал Мадрид што е апсолутен рекорд во Евролигата. Ако некој сака да ја доживее најјаката атмосфера на кошаркарски натпревари, нека оди на Партизан.

Кошаркарите на Партизан под водство на Жељко Обрадовиќ го добија Реал Мадрид со 104:90, со што си обезбедија место во плејофот од Евролигата.

Навивачите поставија рекорд на посетеност на натпревар во Евролигата и против кралскиот клуб беа во бројка од 20.068. Само три дена претходно против другиот шпански гигант го бодреа својот клуб 20.041 гледач.

Белграѓани во просек сезонава одат по 17.642 и на следната пресметка против Панатинаикос најверојатно ќе постават нов рекорд, а тоа се 300.000 гледачи во една сезона.

Погледнете го и слушнете го ова лудило. Гробари дефинитивно ги поместуваат границите во правење атмосфера на кошарка во Штарк арената.

 

3 април 2023 - 08:40