Со почетната серија 0:9 во првите неколку минути Крка покажа дека е решена во Скопје да освои важни бодови во понатамошниот дел од сезоната. Македонскиот шампион се разбуди во вториот дел од првата четвртина, но недоволно да се спречат контрите на Крка која на полувремето замина со +10 поени предност, 22:32.
Во третата четвртина, избраниците на Александар Јончевски се приближија на шест, па на два поени негатива 53:55, но немаа доволно сила да го одбијат и последниот напад на Крка, која со неколку коша во серија поведе 57:63.
Во следните неколку напади, најпрвин Диксон солираше и не успеа да погоди за два, а веднаш потоа Предраг Самарџиски ги промаши најважните слободни фрлања на натпреварот, по што Амстед и Букер ставија точка на натпреварот, 60:72. Во редовите на актуелниот македонски првак, Шеховиќ и Дион Диксон беа први стрелци со по 12 поени, а во победничкиот состав, Армстед беше незапирлив со дури 26 погодоци.
Со вечерашниот пораз, МЗТ Скопје во моментов е 12. на табелата, зад него се само Игокеа и Левски, кои своите натпревари ги играат утре, односно во понеделник. Тимот од Аеродром веќе следната сабота, на 24. јануари гостува кај фаворитот за завршницата, хрватска Цедевита.