таг: аба лига

Кошаркарите избегаа во соблекувална, навивачите се загреваа под кош

Која лакрдија знае да биде спортот во нашиов регион. Во 21 век уште сме должни да слушаме грди националистички извици со порака за убиство, да пишуваме дека некој гаѓал со цигла во сала (како ли ја внесол?) и да гледаме како навивачите си шутираат под кош. Анбливбл. Повеќе

Тренерот на Антиќ урлаше

Црвена звезда ја победи Игокеа во Јадранската лига и го обезбеди првото место пред плејофот (почнува 18. март) каде ќе игра против најпријатното изненадување сезонава, Морнар од Црна Гора. Младиот тренер на Звезда, Душан Алимпијевиќ (роден 1987) во еден момент од мечот збесна па сакаше да подели шамари. Повеќе

Антиќ: „Додека е ова раководство не играм за мојата држава“

Речиси ретко кој кошаркар бил толку застапен во регионалните медиуми како што е миленикот и идол на навивачите Перо Антиќ. Нема ден да не се појави на насловните страни. Повеќе

Виткањето обрач на Перо Антиќ е потег на колото

Откако во Скопје го избраа за најдобар македонски кошаркар на годината, Перо со Црвена звезда кршеше обрачи во Сремски Карловци и го доби признанието за потег на колото во јадранската АБА лига. Повеќе

Формата е пролазна, класата е вечна, еден е Перо Антиќ

По пауза од 10 години, миленикот на навивачите на Црвена Звезда се врати во нивниот табор. Тие го поздравија со овации, а по само неколку секунди на паркет тој им возрати со тројка за ерупција од воодушевување. Повеќе

Дај му добра асистенција и викни мајстор за обрачот

Октавиус Елис има 23 години и игра центар за црногорскиот АБА-лигаш Морнар од Бар. Иако неговиот тим жустро се бори за опстанок во лигата со нашиот Карпош Соколи, Елис од натпревар во натпревар ги витка обрачите. Повеќе

Кажи како после тајм-аутов да не победиш?

Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ тотално полуде на еден тајм-аут пред крајот од мечот против Карпош Соколи во АБА лигата па им порача на играчите што ги чека утре сабајле на тренинг. Повеќе

Задар не го заборава Тодор Гечевски

Легендата на мак кошарката, Тодор Тоше Гечевски најдобрите денови од својата кариера ги мина во хрватски Задар каде имаше иницијатива да му се крене биста пред салата „Крешимир Чосиќ“. На пријателскиот меч Работнички - Фенербахче, по повод 70. роденден на Скопјани, Гечевски ги одигра последните минути во кариерата а публиката долго го скандираше неговото име. Тој е можеби единствениот играч околу кој се сложуваат навивачите на Работнички и МЗТ Скопје. Кавадарчанецот сега работи како тренер на младинците на Работнички. Повеќе

Кој каде тера во кошаркарска Европа

Новоформираната Лига на шампиони во кошарка има тапа буџет во однос на тоа што го има Евролигата, но таа нуди на пример 100.000 евра за секој што учествува, што не е мала пара за наш клуб. Нашите и дадоа поддршка, но во АБА лигата има раскол на таа тема. Повеќе