Драмата која ви ја опишавме во вовед ни доаѓа од Белград каде синоќа се одигра петтиот и последен кошаркарски натпревар меѓу Црвена Ѕвезда и Будуќност при резултат 2:2.
Прво ќе одиме со едно видео за кое не знаеме дали да напишеме дека е цикузантско или трагично, а се однесува на насловот. Додека гостите од Подгорица се во соблекувална, под кош си шутираат навивачите на Црвена Ѕвезда.
Тоа е таа распашана команда
Па уште и се сликаа
Инаку ова ноншанлатно однесување на домашните навивачи се случило откако кошаркарите на Будуќност се појавиле и по кусо време се повлекле во соблекувална.
Причините лежат во тоа што биле навредувани и гаѓани со разни предмети, па дури тврдат дека и цигла се обиделе да ги погодат. Тензичната атмосфера може да се долови на овие видеа:
Уште порано од ова на терен имало уште еден инцидент. Прв на загревање од гостите излегол Американецот Норис Кол кој се гледа како го гаѓа снимателот со топка, веројатно испровоциран од нешто.
Гостите излегле со тврдење дека физички им се нападнати тројца кошаркари и го условиле организаторот дека нема да играат ако салата не се испразни.
Но и покрај тоа, мајсторката се одиграла и почнала со задоцнување од околу еден час, а Црвена Ѕвезда славела убедливо со 97:54. Тоа значи трофеј во АБА лигата и пласман во Евролига.
За хаосот во Белград Норис Кол рече:
„Не смееше да се игра, ама ако не се појавевме на терен ни се закануваа дека ќе ни ја земат титулата. Во Подгорица нашите навивачи не влетаа на терен за да го прекинат загревањето, не чепнаа ни еден кошаркар, не фрлаа столчиња, чаши, шишиња. На крајот АБА сепак реагираше, а сега тоа не го сторија во Белград. Тоа беше најлошиот меч со најнепрофесионален амбиент. АБА треба да се срами за тоа што се случуваше“.