Аеродромци се радуваа на првата гостинска победа

После шест одиграни кола, МЗТ Скопје има половичен учинок од три порази и три победи откако вечерва со 77:68 ја победи Сутјеска во Никшиќ.

Залетот фатен со неверојатната победа од 52 разлика против Струмица во домашното првенство, МЗТ Скопје го искористи на гостувањето во Никшиќ каде ја забележи третата победа сезонава во АБА лигата. Два пати на гостувањата сезонава, МЗТ Скопје губеше натпревари после голема предност против противниците. Вечерва Штрковите не дозволија да ја испуштат позитивата.

Со фуриозниот шут на Данило Мијатовиќ и Дамјан Стојановски, МЗТ Скопје поведе 15-9 на средината од првата четвртина и му стави до знаење на домаќинот дека дошол по бодовите. Еден од центрите кој многу ветуваше минатата сезона во Партизан, Ѓоко Шалиќ со неколку врзани поени ја водеше Сутјеска до предност од 21:18.

Во последниот напад пред крајот на првата четвртина, Марко Луковиќ од осум метри преку двајца играчи постигна тројка и го израмни резултатот на 21-21.

Со петтата тимска тројка, а втора на Марко Луковиќ МЗТ Скопје ја зголеми предноста на 10+ во 43. минута. Аеродромци префрлија во четврта брзина и предноста сигурно ја одржаа до крајот на првото полувреме кое заврши 32:29.

Со 10-от поен на Ѓоко Шалиќ и серијата од 9-0 за само две минути, Сутјеска се врати на -4 (40-44) по што Алеш Пипен повика тајм-аут. На Штрковите во тој период им се закануваше распад на системот како на дуелите против Партизан и Мега Лекс, но со неколку погодени слободни фрлања ја завршија четвртината со водство од пет поени (51:56).

Металците во продолжение застанаа и во одбраната и во нападот, како да го загубија компасот по што Спасојевиќ го запиша 16-от поен за ново приближување на Црногорците 56:58. Дреновац постигна девет поени во третата четвртина и беше најзаслужен што Скопјани го сочуваа водството и на крајот победија 77:68.

Најефикасни играчи во победничкиот тим беа Данило Мијатовиќ со 18 поени и 3 скокови и Дамјан Стојановски уфрли 15 поени, 7 скокови и 2 асистенции. Марко Љубиќиќ и Марко Луковиќ уфрлија по 10 поени. Поентерски лидер кај Сутјеска беше Спасојевиќ со 16 поени и 6 скока.

Во следното коло, МЗТ Скопје ја пречекува Цибона на 24. октомври во сабота.

Резултати АБА лига 6. коло:
 
Задар - Тајфун Сентјур 73:67
Цибона - Партизан 63:57
Крка - Металац 70:75
Будуќност - Цедевита 76:66
Црвена звезда - Унион Олимпија 73:77
Сутјеска - МЗТ СКОПЈЕ 68:77
18 октомври 2015 - 20:44