Троицки навиваше, а Ѓоковиќ само се смешкаше, но не му беше сеедно кога дел од домашната публика му скандираше „Плати данок п***о циганска“. Причина за тоа е честата расправа во Србија дека Новак живеел во Монако, само за да не плаќа данок во својата земја. По мечот Ноле изјави дека не замерува никому, затоа што тоа е дел од колоритот кој го носи дербито.
„Не ми пречеше. Фала им на сите. Да, јас навивам за Звезда, но не го мразам Партизан. За нив навивам секојпат, освен кога играат против Звезда. Како мал играв тенис и за Партизан и немам таков проблем. Ривалитетот постои, посебно меѓу мене и Виктор Троицки, но сè се сведува на шега", изјави Ѓоковиќ на полувремето.
Новак додаде уште и дека со Троицки се договориле кој ќе изгуби, да части пијалак.
„Само гледам и навивам, уживам, не сум стручен да судам за квалитетот на двата тима. Со Виктор се договоривме да гледаме во живо, а тој го прифати предизвикот да части тој што ќе изгуби", констатираше Ѓоковиќ, кој го очекува настап во ФЕД Купот.
Во меѓувреме Новак прокоментира и дека имало измама со картите за неговиот настап во градот Краљево, затоа што не е можно сите карти да ги снема во рок од 13 минути.
Дел од атмосферата на кошаркарското дерби од АБА лигата во салата Пионир:
Еве зошто гробарите не го мирисаат Новак Ѓоковиќ: