Навивачите на еден од најголемите бугарски клубови, решија да ја кренат на нозе кошаркарската секција на нивното спортско друштво. КК Левски Софија лани ја освои титулата во Бугарија, заигра по првпат во АБА лигата, но финансиските проблеми го заковаа тимот на последното место со убедливо најмногу порази. Навивачите решија преку ревијален меч да соберат доволно средства за клубот достоинствено да ја заврши сезоната.