Околностите на трагичниот крај на 15 годишната Тијана Јуриќ ја згрозија екс југословенската јавност. Разбирлив беше и јавниот и медиумскиот интерес за целиот случај и неговото екстензивно медиумско покривање, кое често одеше во комплетно непотребни правци, од тоа што за смртта на Тијана мислат Цеца и Станија до тоа што ги чека таквите како нејзиниот убиец во затвор (силување, линчување и слични правдољубиви дејанија).
Но, не е е само прашање на вкус еден друг аспект од оваа медиумска епизода, а проблемот не важи само за неа: кога царува таблоидна глад за ужасни детали. Портали се тркаа кој ќе извади погрозоморен детал од приказната. Во така создадена атмосфера, предупредувачките ознаки "вознемирувачки, шокантно" служат само како мамци за поголема читаност и збирање јебени лајкови.
Да, публиката сака такви детали, сака да биде ужасната од безбедна позиција пред монитор. Долга (и интересна) тема е тоа. Али, па што ако сака? Да владееше овде пристојна медиумска писменост, одговорните во тие медиуми (хмм, медиуми) ќе знаеја дека со таква страст за пренесување грозни детали само го зајакнуваат ланецот на злото, хранејќи го со омилена медиумска храна.
Како што тоа го забележа комуникологот Сеад Џигал:
"За жал, ни нашите комшии не се ништо подобри во медиумскиот професионализам и етика: масовно грубо го газат елементарното правило да не се известува за начинот на кој е извршено убиство/самоубиство. Катрљон студии потврдуваат дека тоа има низа сериозни негативни ефекти, од психоза кај публиката до подучување на потенцијалните (само)убијци. ,,Нормално", домашните медиуми сега тоа ќе го испрепишат."
Засега непотврденото самоубиство на обожуваниот Робин Вилијамс е слична прилика за гребење по дното на медиумското тенџере. Имаме: а) познат и сакан лик и б) самоубиство кое отсекогаш било загадочна тема (Албер Ками велеше дека самоубиството е единственото сериозно филозофско прашање).
Самоубиствата и во Америка се доживуваат како изненадувања иако бројките велат поинаку: пред две години, самоубиството стануваа причина број еден за тн "смрт од повреда" кога за првпат бројот на оние кои си го одзеле животот го надминува бројот на оние кои гинат во сообраќајни несреќи. Притоа, најзагрозена групација е онаа од 35 до 64 години, при што мажите три пати повеќе си одземаат живот отколку жените.
Многу побитен и по вознемирувачки факт е дека самоубиствата не се поврзани со религиозни убедувања или традиционални семејни структури туку дека се работи за еден од медиумски најсензитивните феномени.
Накратко, колку повеќе самоубиства во медиумите, толку повеќе самоубиства во реалниот свет.
Во општествените науки е познат тн. Вертеров ефект кој опишува како луѓето помислуваат на самоубиство кога читаат описи на самоубиства. Како што сугерира и името, феноменот е познат од објавувањето на новелата на Гете "Љубовните страдања на младиот Вертер" , уште во 1774-та година.
Сликовит е и примерот со Австрија во која откако почнаа да се филтрира (цензурира) објавувањето детали за самоубиствата во подземните железници, за само 6 месеци забележан е пад на бројот на таквите самоубиства за 80 проценти.
Американската асоцијација на суицидологија издаде колекција упатства за новинари кои пренесуваат случаи на самоубиства. Ќе биде доволно ако се запамтат три битни поенти:
* Постојат над 50 студии од различни земји во светот кои потврдуваат дека извесни типови на медиумско покривање ја зголемуваат веројатноста за самоубиство кај ранливи индивидуалци. Степенот на зголемувањето зависи од количината, времетраењето и важноста која им се придава на случаите кои медиумски се покриваат.
* Ризикот од дополнителни самоубиства се зголемува кога сториите детално ги опишуваат методите на одземање на животот, кога се користат драматични и експлицитни фотографии и наслови и кога во подолг период се одржува сензацијата околу случајот (што има ефект на гламуризација на смртта).
* Внимателно медиумско однесување кон случаите на самоубиства можат да ги сменат погрешните перцепции во јавноста и да ги корегираат разните митови, со што се охрабруваат ризичните поединци да побараат помош.
Новинарите кои ги занима повеќе од оваа тема (надежта последна се самоубива), клик тука.