Формата е пролазна, класата е вечна, еден е Перо Антиќ

По пауза од 10 години, миленикот на навивачите на Црвена Звезда се врати во нивниот табор. Тие го поздравија со овации, а по само неколку секунди на паркет тој им возрати со тројка за ерупција од воодушевување.

Перо Антиќ имаше фантастично деби за Црвена Звезда против Мега во натпревар од АБА лигата кој домаќините го добија со 90:80. Тој постигна 10 поени од кои 3 тројки, една асистенција и една блокада, а во спротивниот табор Предраг Самарџиски не постигна ниту еден кош.
 
Нашиот најуспешен интернационалец беше бурно поздравен во салата Пионер, а камерите веднаш го ловеа откако доби шанса на крајот од првата четвртина. Звезда тогаш водеше 4 поени разлика, а Антиќ погоди тројца со звукот на сирената и ја запали уште толку публиката.

Момент за издвојување од мечот е и ова дрско забивање на Матијас Лесор

Дел од изјава на Перо по мечот:

„За помладите чувам безбол палка во соблекувална, па ако не слушаат... Се шегувам, нормално. Имаме талентирани играчи, доаѓа Евролига, ќе има доволно простор за напредок. Се надевам дека и во Македонија некогаш ќе имаме сличен проект како овој на Звезда“.

Твитерџиите за него:

5 октомври 2017 - 09:27