Српскиот стратег Александар Џикиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Тој со Македонската кошаркарска федерација потпиша двегодишен договор и ќе ја предводи репрезентацијата до завршувањето на Европското првенство кое во 2015-та година ќе се одржи во Украина.
„Особена чест ми е да бидам селектор на репрезентацијата која доаѓа од земјата која ја сака кошарката. Иако сум, тука не се чувствувам како странец и верувајте ми дека ќе направам се да ја оправдам довербата која ми ја дадоа луѓето од Федерацијата и која навистина ми значи. Она што е сигурно е дека не чека доста работа, но имаме и време и се надевам дека ова ќе биде една одлична соработка, која верувам дека ќе ни донесе добри резултати", изјави 42-годишниот стратег.
Џикиќ ја започнал тренерската кариера како асистент на Вујошевиќ во Партизан, по што се сели во НБА каде работел како помошник тренер во Минесота Тимбервулфс. Во Словенија има освојувано шампионски титули со Олимпија Љубљана и Крка, а минатата година работеше и како тренер на Литвос Ритас.