Еден од најдобрите македонски тренери во младински категории, Драган Василов-Цевка синоќа ненадејно почина во Маврово на 64-годишна возраст додека се одржувал кампот за млади таленти на КФМ.
На достоинствен начин, како и што доликува, без сцените од изминатите избори за прв човек на МКФ, денес најпрославениот македонски кошаркар Перо Антиќ беше избран за претседател.
Хрватската јавност е зачудена што 14-годишниот Кршеван Кларица реши да го носи жолто-црвениот дрес на Македонија наместо „коцкестиот“. Воодушевен од приемот во нашата земја, особено во Маврово каде тренирал.
Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?
Минималниот пораз од два поени разлика вечерва од Унгарија (63-61) и триумфот на Кипар над Швајцарија ја спаси Македонија од испаѓање во Б Дивизија. Унгарците играа без Ханга и Војвода, но повторно беа подобри од нас.
Македонската кошаркарска репрезентација по сè изгледа нема да игра во квалификациите за СП 2019 во Кина, туку во исто време ќе се обиде од Дивизија Б да се врати во Дивизија А за да евентуално може да игра квалификации за ЕП 2021. До тогаш може само да си свиркаме.
По големите вербални дуели меѓу играчите и фрлањето предмети од навивачите, мечот беше прекинат а припадници на ЕБР ја испразнија салата. Имаше и неколку повредени гледачи. МЗТ победи 90:88 и ја освои петтата титула шампион на Македонија.
Меѓународната кошаркарска федерација испрати допис до 14 федерации меѓу кои и нашата со известување дека сите репрезентации на овие членки на ФИБА го губат правото за настап на квалификацискиот циклус.
Кошаркарите на Работнички ќе играат против Кожув во финалето на македонскиот кошаркарски куп, откако вечерва со 76:63 го совладаа Куманово. За центарци тоа ќе биде шанса за осми трофеј од Купот во историјата, а Гевгеличани ќе играат за првиот пехар.
Не помина ниту еден ден откако Алеш Пипан го раскина договорот со кошаркарската федерација на Полска, а раководството на МКФ веќе постига договор со Словенецот и тој ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во септември.