Нашата кошаркарска селекција заедно со Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ, Турција, Грција, Русија, Полска, Шпанија, Литванија, Италија и Израел добија суспензија од ФИБА да не можат да учествуваат во квалификацискиот циклус за ЕП 2017.
Образложението за исфрлување од квалификациите се должи на тоа што федерациите на овие земји и дадоа поддршка на Евролигата, Еврокупот и АБА лигата, а не на новоформираната Лига на шампиони која е под капа на ФИБА.
Шанса за поправен сепак ќе има, а рокот за нивното премислување во однос на тоа која лига ќе ја поддржат е 20 април.
Македонија се наоѓа во квалификациската група заедно со Велика Британија, Унгарија и Луксембург, а пред два дена КФМ за нов селектор го назначи спрскиот стратег Драган Раца.
Повеќе на тема Евролига или Лига на шампиони имате тука.