
Актуелниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром на селекторската позиција го наследува Марјан Лазовски кој го водеше македонскиот состав на минатото Европско првенство и на Олимписките квалификации во Венецуела, објави МКФ на својата вебстрана.
Пипан до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Полска, со која настапи на Евробаскетот 2011 година, а порано во кариерата, покрај клупските ангажмани, работеше и како селектор на Словенија, настапувајќи на Европските првенства во 2005 и 2007 година, како и на Светското првенство во 2006 година.
Официјално претставување на новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, како и презентирање на деталната програма за подготовките и настапот на Евробаскетот 2013 година ќе се одржи следната недела.