Четврти пораз во квалификациите за ЕП2017 со што најдобрите македонски кошаркари го завршија циклусот за заборав.
И покрај тоа што Црвено-жолтите одиграа одлични шест минути и во еден момент имаа високи 13 поени предност, тоа не беше доволно од Солнок да се вратат со победа. Почетокот донесе неочекувано добра игра на избраниците на Драган Раца кои поведа 13-3, а наскоро и највисоки 20-7. Унгарците успеаа да се вратат во игра, но и покрај тоа Македонија ја затвори првата четвртина со 25-13.
Со стартот на втората четвртина Унгарците веднаш направија пресврт од 27-25 и тоа во периодот во кој нашите цели пет минути не дадоа ниту еден кош. Пред крајот на полувремето, нашите најдобри кошаркари предводени од Костоски се вратија во игра и на пауза заминаа со 37-32.
Тројката од далечина на Ференц за водство од 55-50 во третата четвртина како да беше клучна затоа што од тој момент домаќинот заигра далеку подобро, а нашите не беа на нивото во одбраната.
Во финишот нашите имаа шанса да се вратат во игра за победа, но Костоски постигна едно слободно, едно промаши намерно, но Унгарците дојдоа до посед и мечот заврши 63-61.
Среќа по нашите, вечерва Кипар ја победи Швајцарија, така што веројатно избегнуваме најцрно сценарио и пад во Дивизија Б од каде едвај излеговме во 2006. година.