МЗТ шампион во сенка на тежок инцидент

По големите вербални дуели меѓу играчите и фрлањето предмети од навивачите, мечот беше прекинат а припадници на ЕБР ја испразнија салата. Имаше и неколку повредени гледачи. МЗТ победи 90:88 и ја освои петтата титула шампион на Македонија.

Само три месеци откако го освоија Купот на Македонија, кошаркарите на МЗТ може да се пофалат со двојна круна по вчерашната четврта средба од финалето на плејофот.
 
Аеродромци го добија четвртиот меч 90:88 (22:26; 19:16; 24:27 i 25:19). Финишот од дуелот се одигра пред празна сала по еден час натегање.
 
Целиот проблем настана на 4.28 минути пред крајот кога Кумани почнаа да фрлаат шишиња и тврди предмети кон гостинските играчи и судиите. Судиската тројка побара од делегатот да ја испразни салата.
 
По долга пауза, натпреварот се одлучи во последната минута во која се влезе со нерешен резултат. Ѓорѓе Дреновац беше најефикасен кај старо-новиот шампион со 25 поени, а Дамјан Стојановски кој неодамна го продолжи договорот со Металците уфрли 18 поени.
 
Кај домашните најефикасни беа Александар Костоски и Бојан Трајковски со по 23 поени. Трајковски, кој беше најгласен во расправиите со судиите на крајот заплаче. Ова е четврта двојна круна за МЗТ Скопје по ред, а и натаму неприкосновен е Работнички со 14 шампионски титули.