Кошарката и хоп-хопот секогаш одат заедно, а доказ за тоа е селекторот на Македонија Александар Џикиќ. Поранешниот тренер на Крка неодамна гостуваше во емисија на спортскиот канал СОС и ги воодушеви љубителите на овој жанр. Станува збор за контроверзен состав кој често пишуваше текстови за дрога, насилство и криминал.
„Хип-хоп слушам уште од 1985-та година, а групата Прти Бее Гее уште од нивниот почеток, кога се појавија. Има уште многу приказни околу нив, но не се за широките народни маси. Супер е што луѓето реагираа на тоа што облеков маица од групата, го почитувам тоа што го работат и начинот на кој работат. Посветуваат внимание на некои приказни кои мораат да бидат раскажани. Стара школа сум и најмногу сакам стари работи од пред 30 години“, изјави селекторот Џикиќ за Блиц.
Џикиќ во моментов нема никаков клупски ангажман и е посветен на подготовките за Европското првенство со нашата земја.
„Ми заврши договорот со Крка, а во позиција сум да ја чекам следната работа. Научив нешто повеќе за овие две години, дека нервозата е голем минус во секоја работа и нема потреба за тоа. За мојата кариера се грижи Мишко Ражнатовиќ, веројатно ќе најде нешто паметно. Најважно е да се поклопат желбите и можностите“, додава човекот што ја одведе Македонија на ЕП во Хрватска.
Инаку Џикиќ е еден од омилените ликови меѓу навивачите на белградски Партизан, кои би сакале еден ден да го видат на клупата, но селекторот е јасен.
„Воопшто не размислувам во тој правец. Навивач сум на Партизан, имав среќа голем дел од кариерата да поминам во клубт. Мајка ми и натаму оди во Пионир, прашање е само како би ги поднесувала натпреварите доколку јас ги водам. Тоа мора да ја прашате неа, но има забрана да дава изјави, така што нема ништо од тоа“, констатира Џикиќ во разговор за Блиц.
Македонија на претстојното ЕП се наоѓа во групата Ц заедно со домаќинот Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија. Сите натпревари ќе ги играме во Загреб, а отвораме на 5. септември против Грција.