Каква е замислата на двајца наставници за промена на пенал серијата

Цели две години двајца шпански професори работеле на една студија која што ги довела до заклучок дека екипата која прва изведува пенал е во предност во однос на противникот. Затоа предлагаат ново решение.

Дали серијата од пет пенали наскоро ќе стане тениски тај брејк? Ваквото сценарио УЕФА ќе го експериментира на тековното Европско првенство за играчи до 17 години.

Како што објаснува шпанска Marca, комплексното истражување кое го направиле професорите Игнасио Паласиос-Уерта и Хозе Апестегуиа ќе бидат нова револуционерна промена во модерниот фудбал.

Студијата стигнала во УЕФА која што без двоумење го предложила за ЕП У17 во Хрватска за мажи и во Чешка за жени. Формулата за изведување пенали после продолженијата би била ваква: Ќе се премине од традиционалното АБ АБ, на модел АБ БА, токму како што е во тенискиот тај брејк.

На крајот ќе се изведува АБ БА АБ БА АБ. Ако после пет пенали резултатот биде нерешен, серијата ќе продолжи по редот БА АБ БА итн до првиот промашаен пенал.

Двајцата професори започнале со проектот од 2010. година, а веќе две години сериозно анализирале преку 2.900 случаи на изведени пенали во 270 серии од 1970 до 2008 година. И дошле до следниот заклучок: Играчот и екипата кои први шутираат од 11 метри имаат 21% повеќе шанси да победат во однос на ривалот, а притисокот и стресот врз другата страна е сè поголем како што изминува серијата.

Студијата ја презентирале во ФИФА, УЕФА и во Шпанската фудбалска федерација со цел да се прифати новиот модел на изведување пенали.

Нивната теорија се базира на тоа дека едниот тим има предност, а другиот е во негатива пред се од психолошки аспект, затоа што многу е поголем притисокот врз вториот играч, ако противникот прв даде гол од пенал.

Во секој случај, моделот на Паласиос-Уерта и Апестегуиа пред евентуално да биде воведен ќе треба да мине процедура во Меѓународниот борд на УЕФА и ФИФА. 

Сегашниот формат на пенали:

Тим А (прв пенал)
Тим Б (прв пенал)
Тим А (втор пенал)
Тим Б (втор пенал)
Тим А (трет пенал)
Тим Б (трет пенал)
Тим А (четврт пенал)
Тим Б (четврт пенал)
Тим А (петти пенал)
Тим Б (петти пенал)

Понудениот нов формат на пенали:

Тим А (прв пенал)
Тим Б (прв пенал)
Тим Б (втор пенал)
Тим А (втор пенал)
Тим А (трет пенал)
Тим Б (трет пенал)
Тим Б (четврт пенал)
Тим А (четврт пенал)
Тим А (петти пенал)
Тим Б (петти пенал)

5 мај 2017 - 12:27