Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.