Таг: голманска лудост

Ја одам во напад, не можам веќе на гол, настинав

Се вика Матија Орбаниќ, брани за словенечниот клуб по име Браво и има попримено од Мануел Ноер. Се работи за прво квалификациско коло од ЛЕ против Конас Ки Номадс од Велс. Го елиминираа аутсајдерот едвај, со голови во 88-ма и 115-та минута, а во моментите кога голманот на Браво тргна да напаѓа имаа негатива од 1:0, па изгледа се исплаши од срамна елиминација.

Ни голманот на Аргентина нема направено ваква глупост

Запознајте го Теџа Паку Алам, голман од првата индонезиска лига кој брани за Персиб Бандунг. Можеби на некој ќе му треба ваков човек кој царува не само во својот шеснаесетник, туку многу повеќе.

Голман лудак

Бразилска втора лига, 95-та минута. Гостите запнаа да израмнуваат, ама изгледа не им било јасно дека си имаат работа со октопод. Како ли само го одбрани вториот удар, кој инаку го распали голманот кој се најде во шеснасетник да помогне?

Под голманска лудост број 1 се мисли на оваа

Велат дека ќе почне да го боли кога ќе се отрезни.

Голман, да видиш кога има уписи за Карате Кид, одма ќе те примат

Еквадор и Бразил одиграа натпревар на кој и двајцата голмани беа настинати во паметот. Додуше Бекер не толку, колку Домингез, кој интервенираше како да не му работи мозокот.

Глуп голман на денот

Брани за Тајланд, изглегува како Ноер, ама нема ни М од мозокот на Ноер. За две секунди направи две недозволени работи надвор од шеснаесетник. Судијата изгледа слабо барата со правилата. Само жолт му даде.

Голманот на Србија се истакна со епски погодок на футсал

Уште неотрезнети од сензацијата која ја направија во Лисабон, Србите се пласираа и на Европско во футсал откако ја совладаа Белорусија. Голманот изведе лудорија од гол на гол и го остави коментаторот без текст.

Голманска интервенција е ова или обид за убиство?

Либан носи фудбалска сцена која подобро да ја избришеа, бидејќи ова што го пренесуваат не е фудбал. Будалетинкава кој е излезен од шеснаесетник и не знае кај тера се вика Муад Елафи и брани за Триполи. Старт за робија.

Цела Јужна Америка му се смее на голманот на Венецуела

Перу ја совлада Венецуела со 0:1 на гости во Копа Америка, а голманот реагираше како да е крај на светот што примил гол. Па дури и да се подзагрижи човек на реакцијава.

Голман на денот

И натаму остануваме на мислењето дека голманите ни се најинтересна категорија на играчи. Не може секој да брани. Барем не вака да брани.

Имаме нов голман-стрелец во Шпанија, спаси бод во 90+4'

Фудбалерите на Севиља ремизираа 1:1 на гости кај Ваљадолид во 28. коло од шпанска Ла Лига. Домаќинот имаше победа на пар секунди до крајот кога добивме нов голман-стрелец во Шпанија. Голманот на Севиља Буно постигна убав гол во 90+4' минута.

Голмански циркуз за урнебес на колото

Трета шпанска лига. Калво Сотело против Ла Рода (2:0). Голманот на гостите сигурно не би знаел да каже што се случи, а ни другите присутни.

Дали е нормално ова што го направи голманот на Арсенал?

Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.

Голмански од сјај до очај за 1 минута

Дава гол во стил на најдобрите плејмејкери во 90+5та минута од мечот, па му се случува нешто што ни на крај памет не му падна. Голманот на Вињарос против Пенискола во младинската шпанска лига Примера Регионал.

Изгледа стана модерно голмани да даваат гол

Во 3. коло од Копа Либертадорес, клубот Жуниор со 1-2 ја победи еквадорска Барселона. Првиот гол на мечот уште во 7' минута го даде Себастијан Виера, голманот на гостите кој ризикуваше евентуално одбиена топка да му отвори контра на празен гол.

Сме виделе сè, ама голман во жив ѕид уште не

Трета фудбалска лига на Полска. Натпревар меѓу Блекитни Старгард и Сувалки. Гостинскиот голман Хиероним Зоч решава на еден слободен удар да излезе во живиот ѕид а негов соиграч ја спасува топката од гол линија.

Рецептот за најдобар тренинг за голман

Паркиран џипот на тренерот позади него, па не смее топка да помине. Нема да се фрла? Ќе скока и ќе праша има ли уште.

Се сеќавате на Коди од Кадилак?

Добро ова намерно беше или не? Некако не сме на чисто. 

Немало и тешко дека ќе има полуд црвен картон во 12 секунда

На мечот Коњаспор - Јени Малатјаспор, 8. коло во турската Супер лига, домашниот голман Серкан Киринтили од апсолутно нејасни причини направи невиден кикс. Свесен за својата глупост, тргна сам кон соблекувалната уште пред да види црвена боја.

Голман, ти не треба да браниш

Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.

Ноер треба да брани докторска пред голманов од Египет

Сите мислевме дека Мануел Ноер е синоним за голман со муда кој сака да царува до пола терен. Ама не знаевме дека постои една ваква будалетинка од Египет. 

Голман пајак

Имаме уште еден голман што заслужува гајба пиво од соиграчите. Тоа е чуварот на голот на Макаби Хаифа кој една шанса, односно три во една акција, вака им ја скроти на фудбалерите на Стразбур во квалификациите од ЛЕ.

Частете го пиво голманов, ама гајба

Прво со грб, па со нога, па со раце. Најнормално е да праша човек дали е ова реално.