Со головите на Каземиро во 6-та и Торес во 75 минута, Еквадор и Бразил ремизираа 1:1 во Квалификациите за Мундијалот во Катар.
Судијата имаше еден куп работа на мечот, а исто и тие од ВАР. Алисон Бекер беше помилуван, а Александар Домингез пратен предвреме под туш.
Домаќините останаа без играч помалку по само 15 минути игра, кога Матеус Куња, ставен во сендвич од двајца дефанзивци, кога се обиде да влезе во гол шанса, доби крампот во глава.
Домингез повеќе од очигледно дека не го употреби мозокот во овој дуел и доби заслужен црвен картон, иако и тоа е некако недоволна казна за ненормалниов старт.
Последиците на напаѓачот на Атлетико Мадрид може да се забележат на вратот.
Así quedó Matheus Cunha, tras la patada de Alexander Domínguez.
— Jorge Luis (@rusorq603) January 27, 2022
Ecuador 0-1 Brasil pic.twitter.com/gtYLwyPnbT
Само 5 минути подоцна, исклучување добија и Бразилците поради два жолти картони на Емерсон Ројал, а можеа да добијат уште едно на голманската позиција, но ВАР на два пати го спаси Алисон Бекер.
Во првиот дел откако изби една топка, со нога го закачи Енер Валенсија во глава и доби црвен. Но главниот судија ја прегледа снимката и сепак се реши само за жолт картон, затоа што прв стигнал до топка.
Во судиското продолжение имаше нов судир, овој пат со играч, кој овој пат го удри со раце. Судијата прво му даде втор жолт картон, а потоа со помош на ВАР повторно ја смени одлуката поради истото образложение, дека Бекер прв стасал до топка.