Таг: голманска лудост

Голман е ова или октопод?

Во тие тон квалификациски натпревари од Лига Европа кои се играа синоќа, се издвои една до сега невидена одбрана која мора, ама мора да ја прогласат за број на 1 годината. Ова е епска реакција со нога, мислиш рака му е и тој екстремитет.

Гасете нетот, голман се врати на гол со мотор

Небитно што ова е некоја маалска собиранка, идејата е тотално откачена. Истрча на корнер да им помогне на колегите и потоа најде превоз за да се врати назад со време. Голманска лудост број 1 на планетава.

Најлуд голман на колото

Голманот на Милионариос, Вуликер Фаринез на мечот против Атлетико Насионал (1-1) имаше три генијални одбрани на кои не им оддолеа ниту официјалниот твитер профил на ФИФА.

Во Италија падна убедливо најглупавиот автогол на сезоната

Во втората италијанска лига Серија Б играа Салернитана и Беневенто. Гостите победија 0-1 со автоголот на домашниот голман Алесандро Мичаи.

И Мануел Ноер посака да биде Едерсон

Знаете како велат, од многу стоење на времево голманот може да настине, па не е на одмет некој спринт нели? Едерсон се опушти против Вулверхемптон и воопшто не беше лош, напротив Пеп сигурно е горд на неговите куси и разумни додавања.

Што ти бидна бе Курто?

Голман е во австралискиот прволигаш Велингтон Феникс, по националност е Пољак, името му е Филип, а презимето Курто. Толку од нас, остатокот вие ќе треба да ни го објасните.

Луд момент од една стара средба меѓу Барса и Лион

За пласман во четвртфиналето од Лига на шампиони, на денешната ждрепка во Нион се паднаа Лион и Барселона. На една од претходните нивни средби во овој турнир, на 10 октомври 2001-ва, францускиот голман Грегори Купе направи чудесна одбрана на самиот почеток од мечот.

Да знаат само дека се кладиме овде на нив

Квик ’20 е последно пласирана екипа во првенството за вторите „Б“ и младински екипи на Холандија. Познато ви е она Јонг ПСВ, Јонг АЗ Алкмар, Јонг Витесе итн. Епа Јонг Волендам губел 4-3 од последниот Квик ’20 ама на крај голманот ја извадил работата од гол на гол.

Најтрофејниот трет резервен голман на светот е од Бенфика

Освоил 12 големи трофеи со само 11 натпревари за 13 сезони во составот на Бенфика и важи за најтрофејниот трет резервен голман на светот.

Голмански азил на денот

Се вика Костел Пантилимон, голман кој на млади години од Романија отиде во богатиот Манчестер Сити, па се ашкаше на позајмици по неколку клубови за да на крај се скраси во Нотингем Форест. Една негова реакција многу нè изнасмеа.

Зошто е важно да имаш будалетинка голман

Можеш да напаѓаш, да се мачиш цело време за да не загубиш, ама џабе ако немаш вакво голманче со голгетерска жичка. Отиде во напад и замислете го спаси својот тим од пораз во последна минута, ама со ножички. Видеото е од нисколигашкиот белгијски фудбал.

Луди одбрани на новиот голман на Вардар

Ракометарите на Вардар со целосно изменет состав влегуваат во новата сезона која што ја отворија на гостувањето кај актуелниот европски шампион Монпеље. Новиот голман, српскиот интернационалец Дејан Милосављев во првиот дел од мечот направи шоу!

Страшен гол на голман од слободен удар против Коринтијанс

Во најдобрата бразилска лига Сеара со 2-1 го совлада славниот Коринтијанс а првиот гол за домаќините во 21’ минута го даде голманот Еверсон. Гол? Не. Голчиште!

На 6:6 голманот зема да изводи

Токму така, резултатот е 6:6 во натпревар од 4-та норвешка лига, а голманот е зелен во паметот со овој крајно глупав, несмасен и непотребен рабона потег.

Голман остај мобилниот ќе ти дадат гол

Тоа што никогаш не го очекувавме и очекувавте дека може да се случи на маалски турнир, се случи на прволигашки натпревар во Бразил. Голманот на Атлетико Паранаенсе на сред на натпревар фати да скрола на мобилен. Па каде отиде фудбалот? Да земеш да му го го удриш од глава. 

Чудесна голманска одбрана

Агустин Маркезин од Мексико беше толку оддалечен од голот, што е нормално да помислите дека ова е 100% гол. На крај излезе дека тој е побрз од топката. 

Голман симулираше фаул од судијата

Јохан Падила од Еквадор го направи најсрамниот и најбедниот потег, незапамтен во фудбалот. Ги следиме ние често пати кандидатите за оскар, ама е мизерија број 1. Прво задржуваше време за што доби жолт, а потоа се струполи на земја, мислиш судијата му го исчашил рамото.

Му удри клоца во газ бе

Англискиот четвртолигаш Нотс Каунти има голман со краток фитиљ и затоа заслужено си доби црвен картон. Деца во маало не прават вака.

Голман ти не треба да браниш

Хуан Карлос од шпанскиот второлигаш Луго изгледа треба почесто да глуми Мануел Ноер, барем кога има шанса како во вакви прилики. Дечкото така нон шарлантно ја опали од своја половина, што дел од играчите кои тргнаа да му честитаат се држеа за глава.

Резервниот голман на Тотенхем има компјутерска играчница во подрум

Популарниот Јутјуб канал за фудбал Copa90 (1,8 милиони следбеници) бил на гости кај Мишел Ворм, резервниот голман на премиерлигашот Тотенхем.

Кој е голманот што му даде гол на Милан за историја?

Чуварот на мрежата на дебитантот во Серија А, Алберто Брињоли после чудесниот гол со глава е лик на месец декември. Како му се одвивала кариерата?

Голман ти си ц-а-р!

Некаде во Тунис, трета лига. Добро исполнети трибини, убав терен и: пар ролинзи кои два пати по ред му успеваа само на Зидан. Без заебанција само на Зидан.

Не е можно дека му ја фати од толку блиску

Фудбалерите на Гремио славеа 0:3 против Барселона Спортинг клуб на првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес. Голманчето им е скроз лудо. Ова треба да се прогласи за одбрана на деценијата.

Голманче што ти бидна бе?

Рој Кортсмит брани за Спарта Ротердам, ама кога викамe брани, буквално брани. “Дај да пукне“ е малку за ова, треба сите играчи да го частат пиво.