Таг: голманска лудост

Најлудиот голман брани во Мексико

Хозе де Хесус Корона брани за Круз Азул во мексиканската лига. Има 36 години ама тоа не му смета да скока како мачка. На дуелот против Монтереј одбрани 4 неверојатни шута. Во кариерата има 4 меча за репрезентацијата. Во декември 2010 Депортиво сакал да го купи но тој решил да остане во Круз Азул.

Голманот кој чита на ливче и успешно брани

Младиот голман на Хамбургер, Јулиан Полерсберг на синоќешното полуфинале против Англија У21 на Европското во штуцната чуваше лист на кој веројатно му запишале кој од Англичаните како шутира пенал. Тоа му помогна да им одбрани два пенали на Тами Абрахам и Натан Редмонд и да ја однесе Германија во големото финале.

Голман, ти не треба да браниш

Го знаете оној маалски израз бековска? Кога нели голманот му ја остава на бекот да ја рогне што подалеку. Епа сега голманот ќе ви покаже како оди тоа.

Најдобриот и најнепредвидливиот голман во сенка

Се зборува дека видеово го гледал и Џиџи Буфон и му препорачал на дечково фудбалската кариера да ја продолжи со ракавици. Инаку не знаеме зошто се буни седмицана? Место да му аплаудира за врхунскава парада, тој играње со рака бара.

Сириец го имаше најлудото голманско исфрлање топка

На пријателскиот меч Јапонија - Сирија, гостинскиот голман Ибрахим Алма покажа нов изум за исфрлање на топката од својот шеснаесетник.

Лудите одбрани на Јан Облак

Голманот на словенечката репрезентација Јан Облак со три надреални одбрани по ред го спаси Атлетико Мадрид вечерва против Баер Леверкузен.

Кога голманот многу игра ФИФА 2017

Голманите имаат посебна страст да излезат надвор од својот гол, да дриблаат, да избијат топка со глава, да бидат во улога на петтиот одбранбен играч. Тоа често скапо ги чини.

Топ 25 одбрани за 2016-та

Кога Буфон, Харт, Навас, Де Хеа, Ноер, Хандановиќ и Браво ги имаме во едно видео тогаш јасно е што ќе се гледа. Иако оваа компилација немаше да биде толку атрактивна ако ги намаше лудачките интервенции и на другите за нас непознати голмани.

Луда голманска ножичка во 95-та минута

На мечот Барока - Пајртс во првенството на Јужна Африка, домашниот голман Оскарин Масулуке направи тотално неочекуван потег за големо славје на цел стадион.

Голманот и ветерот во Данска

За време на мечот Сондерјиске - Мидтјиланд, голманот на гостите Јохан Далин не можеше ништо против ветрот, па дегажираната топка му се врати и мораше да ја фати со рака. Судијата нормално свирна индириктен удар.

Голманот на викендот доаѓа од Турција

При водство на Фенербахче од 0:2, голманот на домашниот Акхисар Беледје, Фатих Озтурк го запечати поразот на својот тим иако претходно фати два чисти зицери.

Голманот среќлија во Франција

Во четвртата француска лига се изведе пенал каков досега не сме виделе. Голманот Жан-Франсоа Беденик од клубот Ван три пати го спаси својот гол со неверојатна среќа.

Се сеќавате ли на голманот Пинто?

Сме гледале циркуси од Игита, од Кањизарес, од лудиот Молина, од најдобриот голман голгетер Рожерио Сени, од маскирниот Рушту Реџбер. Но ретко кој од нив беше циркусант како резервниот голман на Барселона Хозе Мануел Пинто.

Голман од слободен во агол кај пајаците

Во четвртфиналето од Плејофот на Колумбпија, Жуниор го победи Милонариос со 2:0. Вториот гол во 65' минута беше ремек-дело на домашниот голман Виера.

Голмански дилетант

Финалето на Купот на Азербејџан го доби Нефчи од Баку, откако со 5:3 на пенали го совлада ривалот Хезер. Голманот на Нефчи, Саша Стаменковиќ се однесуваше како да брани пред зграда во маало. И пази чудо им одбрани два пенали.

Голман со глава во 93-та за опстанок

Голманот на полскиот клуб Терманлица, Себастијан Новак го постигна можеби најважниот гол во клупската историја, откако во 93-та минута погоди со глава на гостувањето во Висла за драгоцен бод кој ги спасува од евентуално испаѓање.

Кога ќе одбереш погрешен спорт

Инцидентот се случил на мечот меѓу женските екипи на Паинкрест и Паин Форест во САД. Домаќинките водат 4:1 кога пред крајот на мечот Рејли Барет имаше шанса за петти гол, но линискиот судија сигнализираше офсајд. Во тој момент гостинската голманка Кејси Стурц се залета како да игра рагби.

Голман ксметлија во Бразил

Колку чудна, толку и среќна парада на голманот Рафаел Робаљо за време на мечот меѓу Глорија и Интернационал во Гаучо првенството на Бразил.

Афирмативно глупав голман

Глен Вербаухд кој брани за Марицбург Јунајтед, клуб од Јужна Африка е дефиниција за луд голман кој не знае каква глупост попрво да направи. И не му е првпат што е најстрашно.

Најголемиот кикс во кариерата на Виктор Валдес

Еден од најтрофејните европски голмани наместо во Лигата на шампионите, заврши на суд во Монако. Во Манчестер 8 месеци тренирал сам на страна, а денес го чува голот на белгискиот Стандард Лиеж.

Со голмански ракавици го прошетав секој агол на светов

За да го одбиеш Баерн Минхен за да патуваш на гостување во Намибија со автостоп или да лежиш во сингапурски затвор со убијци и да играш во преку 15 земји треба да си Луц Фаненштел, германскиот голман кој ја имаше најлудата кариера во историјата на фудбалот.

Голманско трчи лажи

По неверојатните сцени со голманот на Аугзбург кој копаше дупка на пеналтикот за што го очекува обвинение, најдовме слични голмански трикови со кои се хипнотизираа пеналџиите.

Чудо голманово

На мечот меѓу УАИ Уркиза и Депортиво Морон, гостинскиот фудбалер Херардо Мартинез се обиде од половина терен да даде гол, но домашниот голман Матиас Кањо направи неверојатен акробатски потег каков што ретко се гледа.

Лудоста на голманот на Аугзбург

Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.