Како сениор првпат заиграл во Бад Кецинг, четвртолигаш од градот во кој после Кадифената револуција имало голема преселба на Чеси. Кога сфатил дека нема место во првиот тим, одлучниот Луц тргнал да си оди, но го сочекал некој странец кој се претставил како фудбалски агент: „Дали би сакал да играш на професионално ниво? Јави ми се, за две недели ќе живееш во куќа на морето и ќе заработуваш пет илјади долари месечно."
Неколку дена подоцна, Луц се јавил и дознал дека се работи за екипа од Малезија каде ќе заработува многу и ќе се чувствува како професионалец. Во исто време добил покана за проба во Карлсруе каде требал да му биде конкуренција на Оливер Кан. Луц одбил и за неколку дена слетал во Куала Лумпур.
Во изборот на тимот му помогнал Ханс Вурцер, кој одел на истиот факултет со Луц во Германија, а подоцна како професионален фудбалер ја завршил кариерата поради повреда на лигаментите.
Во Куала Лумпур го сместиле во колиба со комарци и лебарки, а клубот каде требал да потпише веќе имал четворица странци колку што било дозволено и Луц морал да бара друг клуб. Изморен од целодневно лутање, Луц решил да се напие и вечерта легнал како покосен. Утрото отишол да потпише договор со клубот Пенанг. Локалците брзо го засакале, а тој ги носел дисковите со електронска музика која што ја пуштале по клубовите. По завршувањето на еден натпревар, Луц разбрал дека дошол некој скаут на англискиот Вимблдон да го гледа.
Набрзо се преселил во Лондон и играл за вториот тим на Вимблдон. Еден ден наишол на Дејвид Бекам кој се опоравувал од повредата на бутниот мускул и играл за резервите.
Животот во пабови и пива му се допаднал на германскиот голман, така што не му паднала тешко одлуката на тренерот Џо Кинир да го прати во Нотингем Форест на позајмица. По една повреда на тетивата во новиот клуб, физиотерапевтот му препорачал на Луц да оди во Тунис каде што е топло и брзо ќе се опорави.
Во Африка, Луц се стренал со Хети, Англичанка на одмор во Тунис. Работела како новинар и по извесно дружење, го поканила да живеат заедно во изнајмен стан во Едмонтон, северниот дел на Лондон од каде Луц секој ден патувал во Нотингем. 200 километри секој ден по автопатот МА била маршрутата на Луц кој незапознаен со дозволената брзина во Англија, насобрал вкупно 49 парични казни во висина од 9 фунти по казна. Во '90-те години во Англија имало посебни трансфер периоди и еден играч можел неколку пати да менува клуб. Луц го искористил тоа и прво се преселил во Ватфорд, а потоа во белгискиот Сент Труден каде останал само две недели.
Авантурата во животот на Луц започнала кога дошол повик од јужно-африканскиот Орландо Пајртс. Таму уживал максимално и покрај опасностите на Јоханезбург, град во кој му било препорачано да не шета сам навечер. Се коцкал, излегувал по ресторани и играл фудбал.
Контактите кои ги стекнал му помогнале да го запознае и Сингапур, земја во која Луц ќе заработи пет илјади долари за еден месец. И ветил на Хети дека ќе доаѓа дома на секои шест недели, но само една недела подоцна, тие се разделиле на аеродромот и никогаш веќе не се сретнале. Луц брзо нашол нова сопатничка во Сингапур.
Во Сингапур одново му се јавил агентот Ванденбон: „Договорив клуб во Кина каде што ќе заработуваш 200.000 долари годишно". Луц отишол во клупската управа на сингапурскиот клуб, им рекол дека треба да лета дома од семејни причини, а следниот ден слетал во кинескиот Гвангжу.
Од таму судбината го однела во Кунмин, во југозападниот дел на Кина, каде го однеле во воен логор, без мобилен телефон и во соба без сијалица на таванот. Среќа, па со него бил и некој дански фудбалер Бјарн. Следното утро го преселиле во нов тренинг камп, каде видел Јужно-Американци, Европејци и Африканци, момент што го расположил голманот. Меѓу нив бил и Гери Блисет, човекот што го испраќал Луц пијан една вечер во Њукасл.
Германецот после еден тренинг отишол на локалниот пазар каде за 50 долари купил два мајмуни. Ги ставил во два кафези, но кога ги пуштил дома за кратко време му го искинале мебелот, завесите и му ги искршиле сите шишиња и тегли.
Во летото 1997. година во Кина стигнала репрезентацијата на Англија до 20 години со Карагер и Овен во составот, кој се спремале за СП во Малезија. Настанот кој му го сменил и животот и кариерата бил кога некоја проститутка лажно го пријавила за силување.
Од тој момент Луц решил да ја напушти земјата и се преселил во студената Финска, каде што бранел за Тампере и Хака. Еднаш во Оулу, во севениот дел од земјата морал да брани на -17 и силен ветар. На теренот се појавил со јакна и капа. Лили живеела со него во Финска, но не можела да ги поднесе честите и долги гостувања на нејзиниот партнер, по што Луц решил да се врати во Бургхаузен. По проблемите со заканите во Германија, со две раце го прифатил предлогот да се пресели во Џакарта и да потпише со локалниот клуб Персија.
Во Џакарта бил омилен лик, а неговите одлични одбрани ги натерале луѓето од сојузот да му понудат да заигра за репрезентацијата на Индонезија. За потребната документација не само што требал да се ожени со Лили, туку требал и да се откаже од германското државјанство.
За 15 години активна играчка кариера, Фаненштил не заработил многу, не станал познат голман, не играл во престижни лиги, но замина во историјата на фудбалот како голман кој го пропатувал целиот свет, запознал многу култури, традиции и религии. Стана првиот човек што играл во сите шест конфедерации на ФИФА. Во последно време работи како стручен коментатор за некои германски телевизии.