Резервниот голман на Тотенхем има компјутерска играчница во подрум

Популарниот Јутјуб канал за фудбал Copa90 (1,8 милиони следбеници) бил на гости кај Мишел Ворм, резервниот голман на премиерлигашот Тотенхем.

Холандскиот голман им го покажал својот дом - поточно подрумот кој го направил како најубавата компјутерница од нашето детство. Единствена разлика е што заедно со компјутерите на масите има и осум Playstation-и. Ворм рекол дека најчести играчи се Деле Али, Жорж-Кевин Нкуду, Тоби Алдервејрелд и Кајл Вокер-Питерс.

via GIPHY

Омилена игра на фудбалерите на Тотенхем е Call of Duty. „Мислам дека таа ни е најомилена зошто ја играме заедно. Имаме посебен чат за нас во играта и тоа е важно за тимот да биде единствен“, вели стоперот и капитен Јан Вертонген кој се појавува во видеото на Copa90.

Во аголот на подрумот на Ворм има и автомат со преку илјада игри. Овој апарат е украсен со графика во стилот на „Ninja turtles“. Ворм раскажува дека најмногу го сакал тој цртан филм, дека дизајнот го нацртал сам а омилен херој му е Донатело.

via GIPHY

Во „рајот“ за манијаците по видео игри има и класик од ’90-те години Super Nintendo.

„Им го покажувам на децата и им викам: ’На ова јас играв во детството’ а тие ми се смеат и викаат: ’Многу е олд-скул ова. Сиромашна графика, две копчиња на џојстикот, екранот не е на допир“.

Додека траел разговорот, на видеото се гледа кренатиот ракав на Ворм под кој стои тетоважа со ликот на Мајкл Џексон. Холандскиот голман рекол дека тој е голем љубител на Мајкл и ја покажал целата тетоважа на десната рака. 

Кога водителката на емисијата го прашала Ворм што мисли жена му за неговата опсесија со видео-игрите, тој вели: „Секако дека мисли дека сум будала. На тоа јас и викам дека таа сака облека и гардероба исто како јас видео игри“.

И стварно било така, дури и полудо кога ја покажале гардеробата на жена му.

via GIPHY

Вертонген раскажал дека кога гејмерите од Тотенхем ќе седнат да играат, со нив доаѓа и Муса Дембеле но него не го интересира тоа и брзо си оди. Негова омилена тема биле биткоини.

***

Мишел Ворм има 34 години. Во 2011-та стана познат кога застана на голот на Свонси. Тогаш со овој тим чуда правеше Микаел Лаудруп со кого Ворм го освои Лига Купот и се врати во репрезентацијата на Холандија (15 настапи).

Во 2014-та преминал во Тотенхем каде стана замена за Уго Лорис. За четири години во лондонскиот клуб Ворм бранел на 10 премиерлигашки мечеви (0 сезонава), а вкупно во сите натпреварувања - 34 натпревари. Заработува околу 22.000 фунти неделно а неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.