Голман остај мобилниот ќе ти дадат гол

Тоа што никогаш не го очекувавме и очекувавте дека може да се случи на маалски турнир, се случи на прволигашки натпревар во Бразил. Голманот на Атлетико Паранаенсе на сред на натпревар фати да скрола на мобилен. Па каде отиде фудбалот? Да земеш да му го го удриш од глава. 

Инаку за срамот да биде поголем, неговиот тим загуби 2:1 од Атлетико Миниеро, а црепот на кој за казна треба да му скинат едно 12 плати, кој знае може се кладел во живо дека ќе прими гол.

 

15 мај 2018 - 10:43