Ќе промаши некој пенал, до утре

Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.

Знаењето за четвртата аргентинска фудбалска лига можеби не ни е како она за другите лиги во светот, па зошто да не видиме што се случува во пониските дивизии на оваа Јужноамериканска земја.
 
Застанавме во сезоната 2009/2010 каде што најдовме меч помеѓу Хувентуд Алианца и Генерал Паз Јуниорс, дуел од плејоф за пласман во третата лига. По двете одиграни средби (со реванш), вкупниот резултат бил 3-3, после што се изведувале пенали за да се добие победникот.
 
Сторијата звучи нормално, до моментот кога не дознаваме дека се шутирал 41 пенал во серијата (21-20). Уште поневообичаено е што имало само еден промашен пенал и тоа оној последниот за Алианца од играчот Руиз чијшто шут едвај го одбранил голманот.
 
Најтешко му паднало на голманот на Хувентуд Алијанца кој не примил гол 20 удари претходно.