Дербито меѓу Бока и Ривер е поим за опасно ривалство кое често знае да кулминира со жртви. Но во аргентинскиот фудбал не е ризичен само овој меч. Ние уствари појма сме немале што се случува во четвртата лига. Фотографијава вели дека не може да биде полудо. Па добро зар стварно мислеле да ги рокнат во воздух гостинските навивачи под чија трибина имало бомба?
Во пониските аргентински лиги не дај боже судијата да не суди по желба на домаќините, има да му ја дупнат глава, во буквален смисол. На ваква багра треба да им стегнат суспензија од 10 години затворени трибини.
Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.